СЕ ОВА ЗА 2.000 ГЛАСА: Вељановски до „бандата xoxштaплеpcka“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конечно најдовте начин како да го решите МНТ, бесно порача вчера македонскиот актер, професор и поранешен директор на Драмски театар Роберт Вељановски, кој повика на оставки од министерот за култура, заменик министер за култура и надолу по ред.

Чорба, дечки, чорба! За моите студенти, кои студираат глума на ЕСРА, влезот во МНТ е чиста лотарија – со индекси, докази, молења на врата! И ретко им е допуштено да проследат претстава! За Шверцери пак, Артан Груби стои на врата!!!, вели Вељановски.

Тој потсети и на премиерата на „Македонска крвава свадба“ и порача „Сè ова за 2.000 гласа“.

На 7 ноември 1900 г. во Славјанска беседа во Софија, по премиерата на „Македонска крвава свадба” на трупата на Чернодрински, машкиот дел од публиката се запишувал на список за комитските чети кои се бореле за ослободување на Македонија. Театарот бил обезбедуван од силни кордони на софиските полициски сили. Претставата имала невиден успех!
119 г. и 14 дена подоцна, нам театрите ни служат за организирање на прослави за навивачки групи!
Каква БЛЕСКАВА културна политика!
И сето тоа за 2000 гласа!, порача Вељановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This