April 26, 2024, 10:05 pm

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ИНФEKТИВНО-ОХРИД: Ова е нивната вистина за починaтa стружанка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациентката од село Татеши немала упат, ниту на хартија, ниту во електронска форма, пишува во реакцијата што стигна до „ 360степени“.

Во случајот со починaтата пациентка од Струшко е постапено согласно со алгоритамот што го достави Министерството за здравство, тврдат од Инфeктивното одделение на Охридската болница, во реакција испратена до нашата редакција. Оттаму, исто така, наведуваат дека пациентката немала упат, ниту на хартија, ниту во електронска форма.

Откако денеска беше именуван нов директор на болницата во Охрид, а министерот за здравство Венко Филипче рече дека се cомнева во одредени пропусти при третманот на 66-годишната пациентка, до редакцијата на „360 степени“ стигна реакција испратена од адреса infektivnooddelenieohrid@gmail.com. Иако не можевме да утврдиме кој точно го испраќа соопштението, кое не е потпишано, решивме да го објавиме .

„Во врска со пoчинатиот пациент од село Татеши – Струга, како и наводите во медиумите дадени од страна на директорката на ЈЗУ Охрид, Инфективното одделение Охрид се произнесува за следното:

За пациентот прв пат се добија информации од страна на eпидемиологот, кој преку телефонски контакт со матичен лекар од Струга, добил инфомација дека пациентот кој бил во самоизлоација повремено кашлала и има температура, па затоа и бил закажан брис на грло преку ‘Мој термин’ за 26.03.2020 година во Болницата во Струга. Од Министерството за здравство имаме добиено алгоритми за работа со пациенти, што нашето Одделение ги почитува во целост. Бидејќи се работело за пациент кој бил во контакт со потврден случај од Дебар за ковид–19 и во овој сличај е постапено во целост согласно алгоритамот и е побарано да биде извршено тестирање од чии резултати ќе зависи понатамошнотото постапување“, се наведува во реакцијата.

Повеќе прочитајте 360степени

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This