Се огласи братот на Али Аxмeти: Ги повикa партиските лидери да се стремат кон Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ооо Албанци, соберете се денеска за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии, апелираше Фикрет Ахмети, брат му на Али Ахмети, лидерот ДУИ, во видео обраќањето на 13 август, кога ДУИ не успеа да организира заедничка средба со лидерите на парламентарните партии на Албанците во Македонија.

Фикрет Ахмети во својот повик користи стихови од песни на позната албански преродбеници. Тој симболично ги користи овие стихови, повикувајќи ги лидерите на париите на Албанците во Македонија.

Фикрет повикува на братство, против делби, затоа што „непријателите тоа и го очекуваат“.

„…Тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат.

…Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност. Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. Храбри сте, ова го знаете, но каква корист има за татковината кога не е таа што била. Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“, порача Фикрет Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This