April 18, 2024, 11:19 pm

СЕ ОГЛАСИ ВУЧИЌ ОТКАКО ПРИШТИНА ГИ УНИШТИ ПРЕГОВОРИТЕ: Kосовските Албанци немале ниту имаат намера да преговараат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес изјави дека со усвојувањето на Платформата косовските Албанци покажаа дека никогаш немале намера да преговараат, ниту планираат да преговараат во иднина, на што Србија ќе одговори со цврст, одлучен и сериозен став.


„Ќе ја зачуваме Србија и српските интереси и не се плашиме од нивните закани“, изјави тој по завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност и состанокот со третиот човек на американскиот стејт департмент, Дејвид Хејл, кој ги повика двете страни на воздржување од провокации.

Вучиќ посети дека поминаа 2149 дена од неформирањето на ЗСО, што беше единствена обврска на Приштина од Бриселската спогодба.

„Со оваа платформа покажаа дека не сакаат ниту ќе сакаат дијалог. Ние ќе се обидеме да го зачуваме мирот“, рече тој.

„Сакаме мир, компромис, но нема да прифатиме уцени и притисоци кои ќе не оддалечат од нашите национални интереси само затоа што некој го бара тоа од нас“, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This