Се огласи Макрон по инцидeнтот кога маж му yдpи шлakaница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Франција, Емануел Макрон се огласи по инцидентот, кога маж му удри шлаканица за време на разговорот со граѓаните, истакнувајќи дека ова е изолиран настан и дека не треба да му се дава премногу значење.

„Не треба да им се дозволи на агресивните луѓе да доминираат во јавната дебата. Тие не го заслужуваат тоа. Се е во ред. На ова треба да му се придаде ограничено значење бидејќи станува збор за индивидуален инцидент. Тоа не треба да ги засенува другите важни теми“, рече претседателот на Франција, објави локалниот портал „Дофин“.
Тој додаде дека ништо нема да го спречи да зборува со луѓе.

За време на посетата на одделот Дром, едно од присутните на улица му удри шлаканица на Макрон. Пред удирањето, тој извика „Долу Макрон!“

Две лица беа приведени по овој инцидент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This