Се огласи Наќе Чулев: 3aплашување, ceeње стpaв, политички peванши3aм и ocвета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев ги искоментира последните одлуки за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за отказот на советникот од неговиот поранешен кабинет од страна на МВР, како обид за заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета..

– Првиот е поврзан со ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која лично ја познавам и со која сум имал извонредна соработка. Мојот впечаток и впечатокот на колегите со кои сум разговарал во Министерството за внатрешни работи е дека станува збор за исклучително чесна и одговорна личност, која во своето работење постапувала исклучиво во согласност со законите. Тие велат дека Гордана Јанкулоска е министер кој максимално посветено и одговорно го водел МВР. И во таа насока конретниот судски случај и денешната одлука е уште една форма на политички притисок насочена кон заплашување на вработени и поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи. Давам силна и искрена поддршка за Гордана Јанкуловска да истрае во овие моменти, и уверен сум дека ќе дојде време кога вистината за нејзината работа ќе излезе на виделина, напиша Чулев на Фејсбук.

Врховниот суд пред два дена и ја одби жалбата на Јанкулоска на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна. Поранешниот советник на Чулев пак се кошкаше на снимено видео со полициски командант во Тетово на денот на парламентарните избори. Чулев вели дека бил казнет за тоа, но дека актуелниот министер за внатрешни работи решил да му даде отказ.

– Вториот случај е со дисциплинската постапка и отказот против поранешнит советник во мојот кабинет, Зоран Ѓоргиевски – Чикаш. И покрај тоа што за него од моја страна за направениот пропуст беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и беше строго казнет, истата беше поништена и во нова крајно политизирана постапка, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски прави преседан и носи одлука за прекинување на работниот однос. Класично политизиран случај за кој сум сигурен дека судската разрешница ќе покаже дека во овој, како и во многу други случаи раководството на Министерството за внатрешни работи постапило спротивно на законските прописи. Како човек во чиј тим бил и Зоран Ѓоргиевски, стојам позади него. Воедно, ги охрабрувам сите вработени кои се соочени со вакви или слични притисоци своите права да ги побараат пред надлежните комисии и правосудни органи, наведе Чулев.

❗️Заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета – вака на кратко може да се опишат двата случаи кои вчера беа…

Posted by Наќе Чулев on Saturday, September 19, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This