April 26, 2024, 11:48 am

Се огласи Николовски за ангажирањето 10 нови луѓе во неговиот кабинет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги бараме најдобрите, најдобрите млади, но и искусни луѓе, кои имаат кредибилитет, имаат капацитет, кои ги имаат сите вештини, компетенции, кои се целосно растоварени, кои сакаат заеднички со нас најнеселективно и најодговорно да се зафатиме со работа и да одработиме и да ја вратиме довербата на граѓаните, на младите во институциите и да се избориме против ова зло, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање за ангажирањето десет нови луѓе во неговиот кабинет.

Тој истакна дека неговиот кабинет во Владата не е парален систем, ниту пак тој води ресор, туку има само координативна улога на институциите и се исклучитечно мал тим од кој граѓаните имаа големи очекувања.

– Овој тим го донесе Планот за борба против корупцијата со 18 системски мерки и политики за кој ќе правиме постојан притисок врз институциите во рамки на роковите да ги имплементираат обврските. Планот за борба против корупцијата е правен на база на сите меѓународни извештаи, пред се Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија од страна на ЕК, извештаите што ги имаме од САД, од „Транапаренси“. За креирање на тој план отворивме широк фронт со невладините организации, регулаторните тела и сите останати, новинарите, медиумите, буквално се што сметавме дека е битно и значајно во оваа битка, бидејќи е генерациска и е историска и неа не можеме сами да ја добиеме, подвлече вицепремиерот Николовски по средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Николовски додаде дека во тимот се само неколку луѓе и не се Министерство и не е целта да прераснат во Министерство, туку бараат десет луѓе кои се најдобри, кои имаат најдобри резултати и просеци од студирањето и кои имаат серизона желба и порив да направат нешто добро за оваа македонска земја.

– Ветувам дека ќе ги избереме најдобрите и заеднички ќе направиме се во мандатот којшто ни е даден од граѓаните да покажеме сериозни резултати и да ја вратиме довербата, потенцираше Николовски.

На крајот во одгворот на прашањето рече дека битката против корупцијата треба да се води доколку се одработи чесно, одговорно, посветено и така како што се обврзале пред граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This