April 16, 2024, 10:27 am

Се одложува попиcoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поизвесно е дека веќе започнатиот попис на населението во Македонија ќе се одложи како што веќе подолг период бара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и опозиција.

Во насока на барањето на опозицијата се приклучи и една партија од владеачкото мнозинство, а тоа е партијата на Павле Трајанов.

Тој на пресконференција истакна дека пописот треба да се одложи поради виша сила најмалку до месец јуни или на неопределено време.

Второ, да се обезбеди политички консензус за времето на одржување на истиот и дека во меѓувреме попишувачите треба да се вакцинираат.

Пред започнувањето на лидерската средба Зоран потенцираше дека е можен е договор за одложување на пописот.

Денешната средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Заев и Мицкоски се одржува во Клубот на пратеници.

Покрај за пописот на средбата ќе се разговара и за пандемијата, вакцинирањето, а ќе се отворат и прашањата за влада и измени на Изборниот законик околу набавката на апарати за отисок на прст за гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This