СЕ ОДЛУЧИ ЗА КРУПЕН ЧЕКОР:Даниел Кајмакоски инспириран од Стефан од „Некст тајм“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Даниел Кајмоски ја освои публиката во регионот кога се појави на сцената на „Х фактор“.

Уште од самиот почеток тој беше фаворит во ова регионално музичко шоу каде успеа да победи и да го однесе првото место.

По победата тој се соочи со огромна слава и популарност и беше омилен меѓу децата.

Набргу по славата, тој се повлече од јавноста бидејќи му следуваше нова улога во неговиот живот, односно стана татко.

Даниел и неговата сооруга Кристина во 2017 година станаа родители на нивниот прв син Давид.

Пејачот потполно се посвети на својот син, па направи музичка пауза.

Меѓутоа, неодамна тој повторно се врати и започна со музички настапи.

Така за Нова година настапуваше во Црна Гора, а потоа следуваа уште неколку настапи.

Деновиве Кајмакоси се врати на фитнес и вежбање односно по 10 години се врати на својата „стара љубов“ – теретана, а инспирација за оваа одлука му беше пејачот од „Некст тајм“, Стефан Филиповски кој редовно вежба.

Имено, Даниел на својот „Инстаграм“ објави фотографија пред вежбање и напиша дека започнува со ново патување.

Под фотографијата следеше веднаш коментар од неговиот колега и пријател Стефан од Некст Тајм.

„Те инспирирав“ напиша Стефан.

Даниел не остана и му одговори на Филиповски.

„Уште вчера се договорив, но денес почнав, во секој случај, ме инспирира ти. Десет години не сум го мрднал га*от. Ќе ми треба едно време да се вратам во форма, ама ќе те стигнам. Поз брат“ одговори Кајмаски.

Останува да видиме до каде ќе стигне Даниел со физичката кондиција, но и што подготвува ново на музичка план.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This