СЕ ОДНЕСУВАЛ ШВЕРЦЕРСКИ ВО МВР, БАРА ПРАВДА: Антонио Санев, најновиот „кловн“ во пи-ар циркузот на МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера најнеспособните луѓе во МВР со евтина ПР стратегија на Оливер Спасовски пробаа сите актуелни неспособности во МВР да ги покријат со наводните деградирања од минатото.

Овојпат улогата на кловн кој требаше да го одигра шоуто со цел да добие некое раководно место ја доби Антонио Санев вработен во МВР и наводна “жртва” која била неправедно деградирана само затоа што според службената евиденција повеќе од 2 месеца влегувал и излегувал од безбедносна институција како МВР без да ја користи службената картичка за влез и излез.

Истиот мислел дека за него не важат правилата, па шверцерски преку капијата за влез на возила неконтролирано влегувал без да го почитува работното време. Во исто време на своите потчинети им се заканувал да го покриваат дека е на работа поради својата членска книшка и врски во ВМРО-ДПМНЕ поради кои никој во МВР не му можел ништо.

Самиот факт дека ниту една второстепена инстанца не му ја уважила жалбата јасно кажува за неговата тотална работна недисциплина за време на неговото раководење со одделението, каде освен приложувањето на сметки од над 5000 денари за угостителски услуги од елитни скопски ресторани друго и нема придонесено. Впрочем, сеуште актуелниот кадровски состав на Одделот за меѓународна соработка сигурно бил прашан и консултиран од Оливер Спсовски за каква личност навистина станува збор.

Веројатно тие може и изворно да ја раскажат случката кога висок гостин од ЕУ, чиј домаќин требаше да биде Санев, веќе пристигна во МВР и отпоздравуваше на почесниот вод, а дотичниот го заборавил состанокот и не успеа да стигне за да присуствува.

Глумењето жртва и затскривањето зад синдикални организации на вакви лабилни и проблематични личности кои контактираат и со скопското подземје, со цел да дојдат до раководни функции се само тажен имиџ за очајниот кадровски потенцијал кој Оливер има намера да го промовира.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This