СЕ ОЛАБАВУВААТ МЕРКИТЕ: Парковите во Париз отворени после два месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парковите и градините во Париз повторно се отворени по паузата подолга од два месеци со цел сузбивање на корона вирусот.

Градоначалничката на градот Ане Хидалго, која се кандидира за уште еден мандат, го посети градскиот парк во саботата и порача граѓаните да носат заштитни маски, иако тоа не е задолжително.

– Конечно слободни, рече парижанката Ане на влезот во Луксембуршкиот парк. Чувството е како да сте пуштени од некој вид на затвор, додаде таа.
Парковите беа затворени во средината на март, во исто време со останатите јавни служби, заради строгите мерки на карантин.

Париз е посебно погоден од пандемијата, но како бројот на заразени опаѓа, францускиот премиер Едуард Филипе даде зелено светло за повторно отворање во четвртокот.

Сега се дозволени пикници, но бројот на луѓе кои може да се состанат во група е ограничен на 10 лица.

Во Франција вкупно во болниците починаа 18.444 заразени со Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This