СЕ ОТКАЖУВА ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЛАТА И СЛУЖБЕНОТО ВОЗИЛО: Митко Јанчев ќе отвори фонд во кој ќе се донираат целата негова плата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако ја добие подршката на граѓаните кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Митко Јанчев ќе се откаже од градоначалничката плата и користењето службено возило. На прес конференција Јанчев најави дека овие пари ќе се префрлат во фонд за хуманитарно делување со кој ќе раководи, не тој, туку стручни лица, од областа на социјалата.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Почитувани Сограѓани, Јас Митко Јанчев, кандидатурата за градоначалник на општина Кавадарци  ја поднесов со голем ентузијазам и желба да направам крупни промени во нашата локална заедница  кои ке придонесат кон подобрувањето на животните стандарди на сите граѓани во  општина Кавадарци.

Во текот на Кампањата среќавајки се со Вас Граѓаните  и запознавајќи ги  уште подобро наталожените проблеми ентузијазмот и желбата стануваат се поголеми .

Тоа што ме прави различен од сите досегашни градоначалници и кандидати за градоначалници, е дека функцијата градоначалник , доколку граѓаните ми ја дадат  нивната довербата, ке ја извршувам исклучиво со намера и желба да дадам максимален придонес да се направи Кавадарци поубаво место за живеење.

Јавно се откажувам од  градоначалничката плата, јавно соопштувам дека нема да користам службено возило и службените обврски ке ги извршувам со сопствено возило.

Финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ке бидат наменете за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми. Овој фонд за 4 години ке изнесува 50.000 евра, а  распределбата на финансиските сдерства ќе ја врши тело  составено од социјални работници  и истакнати хуманисти, а не Митко Јанчев.

По овие два основа, буџетот на  општина Кавадарци ке заштеди околу 150.000 евра за период од 4 години.

Парите на граѓаните ке се трошат одговорно, наменски и според реалните потреби на граѓаните. Ве уверувам дека секој Ваш денар, Вашите даноци и такси уплатени во општинскиот буџет, со мене како градоначалник, ке имаат поголема вредност.

Не случајно моето мото е ,, КАВАДАРЦИ НА ПРВО МЕСТО,,

[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This