Се очекуваат големи немири: Болницата во Цетиње ослободува место за повpeдени, растат тензиите пред koнтраверзното востоличување на српскиот митрополит Јоаикие

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На два дена пред контраверзното востоличување на српскиот митрополи Јоаикие на Цетиње тој за Радио Светигора изјави дека со цел да се намалат тензиите и да се постигне мир во куќата, тие го прифатија ограничувањето во Цетиње да има само свештеници, а меѓу гостите да биде Патријархот Порфириј и свештени лица од други цркви. Имено, болницата во Цетиње ги испразни креветите во случај на немири на денот на устоличувањето

– Мислевме да го извршиме овој свет чин како што очекуваат нашите свештеници и како што е верувањето на народот

„Сакавме да се подготвиме за оваа церемонија, но овие тензии и појавата на некои групи организирани да го спречат чинот на устоличување и да го спречат правото и да ја загрозат слободата на целата митрополија во Црна Гора“ изјави српскиот Митрполит
Тој оцени дека се отшло во сосема во друга насока, во која се предизвикале тензии.

„Се отиде во несакана и непредвидена насока, зголемувајќи ги тензиите. Бог знае каков политички карактер му се припишува на овој чин. Јас го изградив мојот живот во Црна Гора и во манастирот Цетиње, кој беше тука и како игумен и ректор кој дваесет години служеше како епископ во Будваско-Никшиската епархија, која исто така се наоѓа во Црна Гора“ изјави Јоаникие.

Митрополитот Јоаникие посочува дека тие не сакаат да придонесат за општата тензија а што се крена деновиве и дека тензиите треба да се смират, бидејќи, како што наведува, не сакаме да се расправаме со браќата, иако не го признаваат како нивен црковен- достојник.

–Претпоставувам дека северот на Црна Гора е исто така Црна Гора, не само Цетиње. Нека извинат сите жители на Цетиње, тие сеуште немаат создадено своја држава наречена Цетиње. Ние работиме во мир и не сакаме да се расправаме, не сакаме да се расправаме и не сакаме да придонесеме за таа тензија што се крена деновиве. Затоа, заради братска љубов и хармонија, ние не придонесуваме за понатамошно зголемување на тензиите, не придонесуваме за братски конфликти, правиме сe што можеме за да се случи мирно, да испратиме пораки за мир. Не сакаме да се караме со нашите браќа, тие се наши браќа, тие се мои браќа, тие се мојот народ, иако не ме препознаваат“ – рече Јоаникије.

Иако митрополитот Јоникије повикува на мир и хармонија во недела, на 5 септември, од друга страна, Црна Гора најавува хаос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This