March 29, 2024, 11:08 am

СЕ ОЧЕКУВААТ ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Славното Теарце одлучуваше за иднината на земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кратката демократска историја на Република Македонија, никогаш не се случило едно мало место да биде толку важно за иднината на земјата

livce_glasanje_kine

 

 

Теарце е село со голема историја, меѓу другото, во него е роден големиот просветител Кирил Пејчиновиќ, чие име денес го носи селското училиште каде вчера граѓаните ја носеа историската одлука – дали една од двете најголеми македонски политички партии ќе има повеќе пратеници во Собранието или двете партии ќе имаат по 50.

Вака картите ги намести Управниот суд, кој донесе скандалозна одлука во Теарце да се прегласува иако таму немаше никакви изборни нерегуларности. Единствената нерегуларност беше тоа што по грешка членовите на избирачкиот одбор едно од ливчињата го скинале заедно со кочанот и гласачот гласал со ливче подолго од стандардното.

Во последните неколку дена пред вчерашните избори во Теарце беше тензично, партиите меѓусебно се обвинуваа кој вршел притисок а кој потплаќал, а имаше и случаи за кои во јавноста излегоа јасни докази – како оној дека СДСМ плаќале огромни суми, потврден со фалбата на еден активист на партијата кој со снопче пари се пофали на социјалните мрежи.

Вчера, сите патишта водеа кон Теарце, над 60 новинарски екипи од земјата и од странство се упатија кон ова село кое се наоѓа во пазувите на Шар Планина. Очекувавме да видиме напнатост и тензија, бркотници, притисоци – но го видовме спротивното. За теарчани, ова беше само уште еден обичен ден, најголем дел од нив се прашуваа зошто се прегласува кога се помина во најдобар ред?

Некои пак, за прегласувањето дошле дури од Швајцарија. Господинот Африм, кој го запознавме на излезот од избирачкото место, ни рече дека дошол да гласа за промени во Македонија, иако живее во Лугано.

-Одговорност е да се гласа, не е важно за кој. И неважечки да гласаш пак е глас, праќаш некоја порака. Иако албанските партии повикаа да не се гласа за нив затоа што веќе не им требаат гласови, јас го искористив моето право. Еден повеќе можеби не е ништо, но нека се брои, ни рече чичко Африм кој повеќе од 30 години работел како багерист во Швајцарија, а сега е пензионер таму.

Во текот на целиот ден, во селото можеше да се забележи големо полициско присуство – патролираа неколку комбиња, џипови, но и 3 огромни хермелини, човек ќе помисли дека се очекува во секој момент да почне војна.

-Ова е лудо, овие не третираат како стока. Не се памти тука да имало тепачки за време на избори. А сега како да е прогласена воена состојба – коментираат теарчани.

Во текот на ноќва ќе дознаеме каква одлука донело Теарце за Македонија. Математиката вели дека во Теарце, опозициската СДСМ треба да освои 305 гласови повеќе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да земе уште еден пратеник во изборната единица 6 и двете партии да бидат изедначени по бројот на пратеници 50-50.

Граѓаните со кои разговаравме велат дека е очигледно оти албанското население, кое во Теарце е повеќе од 2/3 од вкупното население, е екипирано да гласа за СДСМ. Но од друга страна 90% од Македонците се поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This