March 28, 2024, 10:08 pm

СЕ ПЛАШЕВ ДАЛИ ЌЕ МОЖАМ ДА РАБОТАМ, А СЕГА СО НАСМЕВКА ГИ СЛУЖАМ ГОСТИТЕ, ВЕЛИ ЏОЛЕ, ЕДЕН ОД ДЕСЕТТЕМИНА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВРАБОТЕНИ ВО КАФУЛЕТО „АМБРЕЛА“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу сме среќни сите и многу ни е убаво што можеме да работиме како сите други луѓе, ни рече Ѓорѓи Сурловски-Џоле додека ја бришеше масата и го следеше неговиот колега како ни го носи кафето и чајот кое го нарачавме во скопското кафуле „Амбрела“, во кое половина од вработените се лица со попреченост.

На 7 ноември, во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје беше отворено првото кафуле во кое гостите ги послужуваат лица со Даунов синдром, аутизам, физичка попреченост, оштетен вид… Ѓорѓи, кој ни рече да го викаме Џоле, и неговите пријатели, а сега колеги, работат по 6 часа, пет лица во прва, пет во втора смена. Секој од нив има различни обврски, како менување пепелници, собирање чаши, бришење маси, послужување на гостите или работа во кујна. И покрај нивните пречки тие тоа го прават со задоволство, со насмевка на лицето и кога ги носат нарачките, на гостите не забораваат да им кажат „повелете“ и „благодарам што нè посетивте“.

Многу се плашев дали ќе можам да работам, а многу сакав да се вработам. Мано и професорките ми велеа да не се плашам и веруваа во мене. Сега имам работа и многу ми се допаѓа дека работиме во смени, одиме прва и втора смена. Имаме и униформи. Секој ден сум подобар во работата, со насмевка стигнувам на работа и си заминувам дома. Имавме обуки и на нив ни кажуваа дека треба да сме постојано насмеани и дека може да имаме гости кои некогаш не се расположени. Но, досега сите гости се супер со мене“, ни рече Џоле кој има физичка попреченост и е еден од десетте лица со попреченост вработени во кафулето „Амбрела“.

Сопственикот на локалот Марјан Петров, кој е социјален работник, вели дека решил да отвори кафуле во кое ќе вработи лица со попреченост за да се намалат стереотипите во јавноста за овие лица и да добијат шанса да покажат дека можат да работат и да заработуваат.

„Во остварување на идејата ми помогнаа професори и мои колешки од Филозофскиот факултет. Размислувавме каде е добро да го отвориме локалот и јас бев за варијатна да е убаво познато место во центарот на градот, каде има поголема раздвиженост и повеќе гости, за да бидат уште повеќе видливи овие лица. Кај нас на оваа категорија луѓе не им е даден доволно акцент во општеството, тие постојат, но никој не ги гледа. Овде не ги третираме како лица со попреченост. Ги имаат истите права како останатите вработени, не ги делиме. Детето што ве послужи сега е албино со оштетен вид, но работи перфектно“, вели Петров.

Петров вели дека целта на локалот не е да направат перфектна услуга, туку луѓето да сфатат дека и овие лица треба да имаат место во општеството.

„Треба да се менуваме, уште имаме случаи кога родители не сакаат со нивните деца да учат деца со попреченост. Едно од момчињата кои се вработени, работело во пекара, но добило отказ оти луѓето не сакале да купуваат од него. Токму поради ваквите стереотипи, треба што поголем број локали да вработат барем едно лице со попреченост“, додава Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This