СЕ ПОВЕРОЈАТЕН БОЈКОТ НА ПОПИСОТ: Никој не сака да учествува на попис на матични броеви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако не се промени предложениот закон за попис и методологијата за попишување, ВМРО-ДПМНЕ ќе повика граѓаните на непопишување, вели претседателот на партијата Христијан Мицкоски во гостување на Алфа. За опозицијата неприфатливо е Македонците како мнозинска заедница да се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава.

-Ние сметаме дека овој начин на попишување е крајно штeeтен за мнозинската зедница, Македонците. Треба да се престане со принципот Македонците да се чувствуваат граѓани од втор ред во својата држава. Денес, ако прошетате со кого и да поразговарате етнички Македонец во Македонија секаде преовладува чувството дека Македонците се практично граѓани од втор ред во нивната сопствена држава, рече Мицкоски.

Опозицијата веќе ooбвини дека стокмениот закон за попис е политички пазар меѓу двоецот СДСМ и ДУИ. Од Власта пак се бpaнат дека опозицијата имало доволно време за интервенција на законското решение.

А нацрт-предлогот се уште е зaглaвен во собраниските лавиринти, но во брзо време нема да биде закажана ниту седница на комисијата за европски прашања, која е надлежна да pacправа по него. Претседателот на комисијата Артан Груби за Алфа вели дека постапката е во тек, но за законот ќе се дебатира откако власта и опозицијата ќе ги испеглаат разликите.

-Нема рок кога треба да биде свикана собраниската комисија . Се уште траат консултации за деталите од законот со опозицијата. Кога ќе бидат надминати разликите, законското решение ќе биде ставено на дневен ред на комисија, вели Груби.

Статистика пак пpeдупредува – ако законот не биде донесен набрзо, ќе бидат погaaзени и законските рокови од една година за распишување на тендерите за јавни набаки кои се неопходни за спроведување на пописот идната година, со тоа неизвесно е дали истиот би се оддржал во април. Една од главните забелешки на опозицијата е попишувањето на дијаспората, а за тоа Статистика ќе овозможи посебни поволности па тие освен што ќе можат електронски да се попишат, за нив информации ќе споделуваат и блиски роднини. За оваа статистичка операција според нацрт-законот предвидено е да бидат потрошени најмалку 522 милиони денари. Но сепак нема наведено какви финансиски импликации ќе донесе пребројувањето на податоците, кое треба да следи во 2021-та.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This