СЕ ПОВЕЌЕ ИМИЊА НА СПИСОКОТ ЗА ОТКАЗНИ РЕШЕНИЈА: Началник на СВР, советник во МВР и полицаец од Прилеп последни имиња на списокот за бркање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред две недели објавивме неофицијална информација дека во МВР веќе се изготвува список со имиња на полициски службеници кои веднаш по изборите, односно на 12-ти декември би требало да добијат отказни решенија од нивните претпоставени поради прекршување на Законот за полиција и мешање во политичките активности на партиите за време на политичката кампања

policajci_spisok-12ti

Без разлика на тоа што некои соросоидни организации сакаат да го замолчат процесот на објавување на овие информации на Инфомакс.мк, ние немаме намера да престанеме со пренесувањето на вистината до граѓаните.

ljupco640-630x579

Последни во низата се началникот на СВР Штип Љупчо Трајковски, назначен од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски, спротивно на законот, повторно за 6 нивоа се унапредува  Љупчо Трајковски, инспектор во УБК Штип и партиски кадар, поставен за помошник во СВР Штип. Исто и Љупчо Трајковски е познат како активист на СДСМ во Штип.

Уште еднаш спротивно на законот, Трајковски учествува во активностите на политичката партија поради што како што дознаваме соодветно ќе биде казнет на 12-ти декември.

 

policajci_spisok2

Следен на списокот е Оливер Лукаровски од Прилеп, вработен како генерален советник на Оливер Спасовски. Како што може да се забележи на фотографијата, тој спротивно на законот присуствува на партиски состанок на СДСМ заедно со екс-кандидатот за градоначалник на Прилеп и екс-пратеник Хари Локвенец.

policajci_spisok3

 

Покрај Трајковски и Лукаровски, на списокот за дициплинска одговорност е и Александар Крајоски, полицаец во Прилеп. На фотографијата може да се забележи во партискиот штаб на СДСМ, фотографиран со претседателот на партијата Зоран Заев. policajci_spisok4

Имено спротивно на законот за внатрешни работи и законот за полиција, партиските послушници на СДСМ почнале со активно агитирање и спроведување на партиски активности, како и присуство на партиски собиранки органирани од СДСМ, што според експертите е доволна причина по 12-ти декември да им се каже збогум, а претпоставените да им се заблагодарат за сработеното и да им врачат отказни решенија.

На тој начин, според експертите ќе се отворат нови места за млади и перспективни кадри, кои својата професионалност ќе ја базираат врз успешноста на работните задачи, а не врз основа на партиската послушност.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This