СЕ ПОВТОРУВА ЛИ ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО ФРАНЦИЈА: Жолтите елеци со кандидатска листа за престојните избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето на Жолтите елеци во Франција именуваше 10 кандидати со кои ќе учествуваат на Европските парламентарни избори во мај, а планираат до 10ти февруари на конечната листа да имаат вкупно 79 кандидати, кои ќе бидат избрани од редовите на активистите на движењето.

Движењето на Жолтите елеци опфаќа широк спетар на луѓе, меѓу кои и многумина кои не ја поддржуваат актуелната политичка гарнитура како на Франција така и на ЕУ.

Во Претседателот Емануел Макрон тие гледаат олицетворение на традиционалниот француски елитизам, кое е без слух за секојдневнитe борби со даноците, ниските плати и неврабореноста со кои се соочува обичниот граѓанин.

На чело на листата на кандидати е Ингрид Левавасер, 31 година, социјален работник, и самохрана мајка на две деца од Нормандија. Таа ја обвинува француската влада за дрскост.

На листата покрај неа се најдоа најразлични профили на луѓе, како сопственик на мало претпријатие, адвокат, уште еден социјален работник, и невработена мајка. Шест од кандидатите се жени.

Себеси се нарекуваат „Предводници на граѓаните“, или ПНГ, а неофицијално се предводени од истакнатот активист Хајк Шахинјан.

Нивната цел е да се слуша гласот на народот, а тие да ја остваруваат неговата воља во текот на мандатот.

ПИГ сеуште немаат доволно финансиски средства за да ја спроведат кампањата, но очекуваат да соберат преку донации.

На престојните избори во мај Франција, доколку не дојде до промени поради Брегзит, би требало да има 79 пратенички места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This