СЕ ПОГЛАСНИ БАРАЊАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА КОСОВО И АЛБАНИЈА: Курти е против размената на територии и за обединување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на косовското опзициско Движење „Смоопределување“ (ВВ), Албин Курти, денеска во Тирана изјави дека Косово треба да каже „да” за обединувањето со Албанија и „не“ за пазарењата со Србија.

Курти, кој допатува во Тирана за да им изрази на подршка на студентските протести, порача дека одредени „експонати“ сакаат да го извалкааат зборот обединување со сценарио дека за таквото обединување треба да и се даде територија на Србија.

– Ние велиме „за“ обединување со Албанија, а „не“ за пазарење со Србија со нашите национални територии. Обединувањето на Косово со Албанија треба да не зголеми, а не да не фрагментаризира, дели, распарчува и да нè намалува. Тие сакаат да го извалкаат зборот обединување, со сценаријото дека за таквото обединување треба да и се даде територија на Србија. Ние им велиме не. Не и должиме ништо на Србија, туку таа нам ни должи многу, изјави Курти.

Според него, Србја на Косово им го должи „источно Косово, Прешево и Бујановац“.

– И многу повеќе од тоа. Пред 20 години уби 10.000 албански цивили и злостави 20.000 албански жени и девојки. Во пролетта 1999 годна депортираше надвор од Косово 860.000 Албанци, протера од нивните домови повеќе од милион Албанци, ни ги украде банкарските депозити, пензискиот фонд, културни артифакти, не ја признава независноста и сега сакаат да направиме нови концесии со државата предовдена од четниците на Милошевиќ, обвини Курти, оценувајќи го дијалогот со Србија како антинацонален, антидемократски и целосно незаконски.

Тој нагласи дека неговата партија пред Уставниот суд го оспорила Законот за дијалогот меѓу Приштина и Белград, како и дека се ангажира што побрзо да се одржат предвремени избори во Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This