March 28, 2024, 11:25 am

СЕ ПОГОЛЕМО НЕЗАДОВОЛСТВО ВО КОАЛИЦИЈАТА: Зоран Заев ги игнорира проектите на градоначалниците на ДУИ, министрите под уцени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работите во неприродната коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ изгледаат се полошо, брифираат партиски извори, додавајќи дека Зоран Заев тотално ја исклучил коалициската партија во носењето на важните одлуки, особено бизнис одлуките и оние на локално ниво

Иако беше најавен денес на цермонијата за ставање во употреба на филтер станицата за отпадните води да учествува премиерот Заев, заедно со неколку министри и градоначалникот на Кичево, Заев во последн момент го откажал неговото присуство на големо негодување на коалиционите партнери од ДУИ.

Но, најголемиот проблем, брифираат извори од владејачката ДУИ не е тоа што на отварањето не присуствувал Заев, туку присуството го избегнал и Хазби Лика, инаку добар пријател на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари. Според извори во владата, Хазби Лика не добил дозвола да присуствува на церемонијата.

Лика не учествуваше на ниту еден од најважните настани организирани од Владата и Зоран Заев, иако се шпекулира дека структурите на партијата се исклучително незадоволни од работата на вицепремиерот Хазби Лика.

Ваквото игнорирање на проектите на Дехари, медиумите на албански јазик блиски до владата, оправдување најдоа во наводните потешкотии поради Рамазанските пости, иако, велат од ДУИ, во очите на јавноста изгледа дека Дехари не смее да му се спротивстави на Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This