СЕ ПОДГОТВУВААТ И СИРИЈЦИТЕ: Сириската противвоздушна одбрана и воените авиони одржале „живи вежби“ како подготовка за одбрана од напад на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наводен хемиски напад на градот Дума предизвика закана од воена интервенција против Сириската армија и други гранки на Сириските вооружени сили од страна на претседателот на САД Доналд Трамп, кој предупреди дека претседателот Башар ал Асад „ќе плати висока цена“

Сирискиот воен набљудувач и аналитичар Ваел ал-Хасани изјави дека Сириското воздухопловство спровело „живи воздухопловни вежби“ денес, цитирајќи информиран воен извор.

Набљудувачот изјавил дека не може да изнесе повеќе информации за тренингот на воздхопловните сили на Сирија, кои се чуваат како тајна во очи на очекуван напад од САД и воената коалиција која ќе ја предводи САД.

Сирисите воздушни сили имаат можност за соборување на проектили воздух-земја истрелани од воени авион – како што демонстрираа и за време на нападот од страна на Израел врз базата Т-4, како и крстосувачки проектили истрелани од воени бродови како „томахавк“ кои би можеле да бидат истрелани од разурнувачот „Доналд Кук“.

Дополнително Сирија ги утилизира и руските земја-воздух ракети за соборување на воени авиони – како Турскиот Ф-4 Фантом и Израелскиот Ф-16.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This