Се подготвува ли изборен фaлсифиkат?: ДИК на пет дена пред избори ќе дозволи на гласачкото ливче да нема печат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња кое предвидува одредба спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик. ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг, да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор. Инаку печат на секое искористено гласачко ливче е пропишана со Изборниот законик.

Во правниот систем, законите се повисока категорија на акти од упатствата кои шти претставуваат подзаконски акти. Упатствата секогаш треба да се усогласат со законите.

Членовите на ДИК и претседателот Александар Даштевски се правници по образование и вокација, а при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал.

Но во членот 109 став 2 од Изборниот законик стои објаснувањето за печатот: „Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.“

Правниците, адвокатите и членовите на ДИК одлучиле дека иако законски гласачкото ливче мора да има печат пред да му биде предадено на избирачот, всушност ќе се брои за важечко и доколку нема печат удрен од избирачкиот одбор.

На гласањето денеска не бил само членот на ДИК Кренар Лога, предложен од Алијансата на Албанците.

Одлуката е донесена, најверојатно откако Управниот суд поништил гласање на едно избирачко место во општина Шуто Оризари затоа што ливчињата во кутијата немале печати на нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This