СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ НОВО БEГCTBO: Советникот на Заев, близок пријател на Ременски ќе оди за Словенија пред отварањето на процесот за „Pekeт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од човек што напаѓа жени, до советник на премиерот за правосудство до платеник на Министерството за одбрана кој најверојатно ќе добие дипломатска позиција во амбасадата во Словенија.

 

Вака отприлика изгледа скалилото кое треба да се помине во Македонските институции за да се стигне до дипломатска кариера. Барем кога станува збор за партиските послушници.

Горан Стаменковски, советникот на Зоран Заев за правосудство познат во јавноста по нападот врз службеничка вработена во Кривичниот суд од позиција на раководител на човечки ресурси, а сегашен човек од доверба на претседателот на судот Иван Џолев, денес тајно му е изработено уверение за неосудуваност поради регулирање на престој во Словенија.

Оттука произлегува прашањето, дали Стаменковски добива награда за неговото поведение пред крајот на мандатот на оваа влада, како дипломат во Македонската амбасада во Словенија, или пак можеби истиот се подготвува за бегство поради блискоста со брачниот пар Ременски, но и како делегат на Меѓунродниот сојуз на Бојан Јовановски.

Горан Стаменковски исто така е и платеник на Министерството за одбрана, па така од почетокот на годината, освен плата во судот, добивал хонорари како советник на Заев, но и од Министерството за одбрана и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This