СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА АМНЕСТИЈА: Власта подготвува терен за амнестија на терористите од Диво Насеље и „Монструм“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помирување без помилување, повтори премиерот Зоран Заев во изјава дадена вчера. Помирување ќе има во Собранието, а координативното тело ќе работи на севкупно помирување, како и на перспективите што се отвораат пред Македонија.

 

-Како што ќе се носат одлуките, така ние тоа ќе го соопштуваме во јавноста. Настаните од 27 април се одлична можност да го изградиме тоа помирување. Има многу убави и демократски познати модалитети како да се прави тоа, но низ системот и низ ова координативно тело. Добро е што почнува од парламентот како врв на демократијата и највисока институција во Република Македонија за да може да го очекуваме и по вертикала надолу до општините, па дури до последната клетка на нашето општество – семејството, изјави Заев.

Повикот за помирување што тој го даде од собраниската говорница и натаму е предмет на различни коментари и толкувања. Вицепремиерот Бујар Османи смета дека директните извршители на насилството, како и нарачателите, не смеат да бидат предмет на какво било помилување.

„Но, доколку имало луѓе што се колатерална штета, кои се нашле таму и немале намера да направат штета, а сепак биле таму, тогаш треба да бидат дел од разгледување на координативното тело“, вели Османи.

Од Алијансата за Албанците ќе инсистираат амнестијата да важи и за сите монтирани политички процеси во последните десетина години.

-Пред сè мислиме на кумановските настани и на случајот ‘Монструм’, велат од партијата на Зијадин Села.

И претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека не можеме да ги прогласиме за криминалци обвинетите од 27 април, затоа што постапката против нив сè уште не е завршена ниту, пак, се согласува дека тие се терористи како што е наведено во обвинителниот акт.

-Не се согласувам со фразата ‘тероризам’. Тоа е најтешка категорија на кривично дело во Кривичниот законик, нагласува Ахмети правдајќи се дека не е ниту судија ниту обвинител за да може да ги амнестира овие лица. Заклучува дека земјата има потреба од помирување, а највисоката цена за настаните од 27 април ја платила ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This