СЕ ПОМАЛКУ СЕ ГОВОРИ ЗА ДАТУМ: Холандски експерт предлага пробно членство за земјите од Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јан Маринус Виерсма од холандскиот Институт за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ за земјите од Западен Балкан во ЕУ во траење од две години.

Виерсма смета дека треба да се воведе поинаков систем на надгледување на реформите во земјите кандидати во регионот, како и зголемени инвестиции.

„Пробното членство“, според него, ќе значи дека земјата кандидат нема право на глас, но може да учествува на состаноците и самитите на Унијата.

–Ова може да ги охрабри земјите што се скептични во врска со новите членки, како што е Франција, изјави Виерсма за порталот „Јуропијан вестерн балканс“, a пренесе агенцијата „Танјуг“.
Исто така, тој предлага зголемени инвестиции на ЕУ во земјите кандидати.

Според него, повеќето граѓани на ЕУ гледаат проблем во тоа Турција да стане членка на ЕУ и тоа е една од причините што се спротивставуваат на проширувањето.

Како што вели Холанѓанецот, во Брисел преовладува мислењето дека воведувањето нови членки, предводени од авторитарни режими, би ги нарушило односите во самата Унија.

Тој вели дека претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Џукановиќ и Александар Вучиќ, се донекаде авторитативни, додека албанскиот премиер Еди Рама го гледа како „голем шеф“ во Албанија. За македонскиот премиер Зоран Заев, Виерсма смета дека има различен профил од останатите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This