СЕ ПРАВАТ „НА ТРИ ИПОЛ“: „Швepцерите“ се coмневаат во заклучоците за штeтaтa во МНТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ние бевме во театарот да прославиме јубилеј, а не да рушиме, дивееме, вандализираме“, велат од навивачката група „Шверцери“ во соопштение испратено преку фејсбук во врска со инцидентот од минатиот петок во МНТ.

Поддржувачите на Шкупи, стои во нивното соопштение, најостро ја демантираат, како што велат, постојаната тенденциозна пропаганда против прославата на 30 години од нивното постоење.

Понатаму велат, сите снимки, посебно нивните, направени половина час по настанот во празна сала, ги демантира тенденциозните известувања за наводно демолирање, вандализам и дивеење.

– Се констатира дека немало вандализам и дивеење, ниту намерно предизвикана штета, туку само пеење и скандирање како начин на изразување во навивачката култура насекаде низ свет. Да ги разјасниме дилемите, Организатор на настанот сме ние, навивачката група Шверцери, и на тој настан беше прикажан краток документарен филм како и беа доделени признанија на еминентни личности од фудбалскиот живот кои го дале својот придонес за нашиот клуб, се вели во соопштението на „Шверцери“.
Според нив чудни се заклучоците без записник на состојбата на салата пред и по настанот, и со намерна пропаганда три дена по настанот, на кој што нема забележано ниту еден инцидент во ниту еден билтен.

– Сомнително е исто така пријавувањето на наводна штета три дена по настанот што остава простор за размислување дека “штетата” можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан, слично како на сериозните оштетувања од негрижа на објектот надвор и внатре, стои во соопштението.

Reagim:Grupi i tifozëve "Shvercerat" në mënyrë të ashpër demanton propagandën e vazhdueshme tendencioze ndaj kremtimit…

Posted by Shvercerat Shkup on Friday, November 29, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This