СЕ ПРАВАТ СПИСОЦИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА: Самоинцијативна организација на народни бригади за спречување на државен удар во Собранието!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани самоиницијативно веќе се организираат и се прават списоци за итна мобилизација на граѓани во случај СДСМ преку узурпирање на претседавачкото место во Собранието или со предизвикување инциденти и кршење на процедурите да сакаат да изгласаат претседател на Собранието и да формираат влада чиј мандат ќе биде спроведување на Тиранската платформа.

narod-2-5

Граѓаните се одлучни по секоја цена да ја бранат демократијата и со сите расположливи средства да не го дозволат ова сценарио. Граѓаните самоиницијативно формираат групи кои во таква ситуација за многу кусо време би се собрале и би реагирале на секаков можен начин со сите средства. Практично тие ќе бидат чуварите на државата и институциите во случај СДСМ да сака да го искористи предвелигденскиот период на насилен пат да ги узурпира институциите. Ваквата „честитка од СДСМ“ ќе предизвика реакција. Платфомата од Тирана ја направија пред Божик, а сега ќе сакаат да ја спроведат преку формирање влада за спроведување на Тиранската платформа пред Велигден.
СДСМ почна да го навестува ова… и Заев и Љупчо Николоски кажаа дека имаат план Б.


Дополнително главните полуги на СДСМ веќе го открија валканото сценарио.

„Вељаноски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ која е во стартот прекршена. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање, ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“ – за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, пишува еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, кој во очај повикува на насилство.

Од За заедничка Македонија децидно велат „Народот ве седна во пратеничките крупи, народот ќе ве извади“.

Засега „Република“ не може да потврди под чиј патронат е организирањето на ваквите народни групи. Постојат информации дека зад нив стојат или „За заедничка Македонија“ или пак групата на патриотските здруженија кои се обединија пред два дена.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This