СЕ ПРЕДВИДУВА КЛИМАТСКА КАТАСТРОФА ВО РУСИЈА: Научниците предвидуваат климатска катастрофа во Русија кај Баренцовото море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во северниот дел на Баренцовото Море, се забележуваат големи климатски промени, според норвежските научници во статијата за списанието Натурал Клајмат Чејнџ.

Според експертите, арктичката клима во регионот наскоро може да се промени и да стане слична на атлантската.

Се вели дека ова главно се должи на ниското ниво на прилив на свежа вода што Баренцово Море го добива во процесот на топење на мразот.

Баренцовото Море може да се подели на два дела со различни климатски услови – студениот северен и потоплен јужен дел. Екосистемот во северниот дел зависи од ледената покривка. Во нормален климатски циклус, ледената покривка се топи, пополнувајќи го морето со свежа вода, што во зима создава мраз. Научниците велат дека ладна вода се повлекува на север, поради надоаѓањето на топла вода од Атлантикот.

Покрај тоа, според истражувањето, процесот на греење на Баренцовото Море ќе биде неповратен – “жешка точка” е формирана во Арктикот и климатските промени ќе имаат катастрофален ефект врз екосистемот на морето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This