СЕ ПРИБЛИЖУВА ЦИКЛОН КОН МАКЕДОНИЈА: Вечерва не очекува силно невреме и воден талог од 50 до 80л/м2

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ноќеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на серија од влажни бранови од запад, поради што ќе настапи значителна промена на времето.
Денес во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, по некаде со ретки грмежи, претежно во западните и северните делови

ciklon

Утре и во среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Поголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 50л/м2. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северен правец. Температурата значително ќе опадне и во среда ќе биде најниска, во интервал од 16 до 22 степена – велат од УХМР

Од четврток ќе преовладува променливо облачно, врнежливо, а во попладневните часови повремено и нестабилно време со локален пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во благ пораст.

И во Скопската Котлина ќе има почести врнежи од дожд, повремено поинтензивни и пад на температурата за околу 10 степени. – стои во соопштението на УХМР припремено од метеорологот Борис Секирарски.

Со слична прогноза е и метеорологот на iNFOMAX.mk Славчо Попоски кој предупредува на силен дожд и грмежи.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

 

Денес (05.09.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Во текот на попладневните часови облачноста ќе започне да се зголемува и доцна попладне ќе има услови за локален дожд проследен со ретки грмежи. Денес ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој ќе биде повеќе изразен во попладневните часови. Максималната температура утре ќе се движи во интервал од 25 до 32 степени. Почнувајќи од денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден па се до крајот на неделава територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот. Поради тоа се очекуваат чести врнежи од дожд кој ќе ги има над целата територија на Македонија. На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува поголема количина на наврнат воден талог. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи од дожд , електрични празнења и засилен ветер. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така за време на електрични празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони. МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи кои ни предстојат можна е појава на поплави па затоа навремено да се превземат соодветни мерки. Од утре (06.09.2016) температурите ќе бидат во големо опаѓање (ќе има пад на температурите за повеќе од 10 степени).

[/kopa_block_quote]

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This