April 26, 2024, 10:14 am

СЕ ПРОШЕТАА: Aнѓушев, Царовска и Адеми ја завршија посетата на Швајцарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владината делегација, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, ја завршила посетата на Швајцарија со средба со државната секретарка за образование, истражување и иновации Мартина Хирајама со која разговарале за можностите за понатамошна соработка во насока на поддршка за имплементација на дуалното образование во образовниот систем во Македонија.

– Владата на Република Македонија спроведува реформи во сите сфери вклучително и во унапредување на образовниот процес. Тоа е наша обврска, не само за исполнување на критериумите во ЕУ и НАТО, туку и должност кон нашите граѓани за подобар живот на сите. Модел на дуално образование, кој во моментот се спроведува како пилот проект, тежнееме да го имплементираме во стручното средно образование, за да креираме добро обучени и професионални кадри за потребите на индустријата, но и да обезбедиме квалитетни, добро платени работни места за младите луѓе – потенцирал вицепремиерот Анѓушев.
Министерот за образование нагласил дека образованието е клучна карика во развојот на личноста и посочил дека Владата вложува труд и посветено работи на унапредување на образованието во сите степени.

– Инвестираме многу време, средства и напори за унапредување на сите сфери во образованиот процес и на тој начин вложуваме во нашата иднина. Целта ни е да направиме квалитетно образование почнувајќи од основното па до високото образование, учениците да стекнуваат вистински вредности, но и знаења и вештини кои ќе им користат подоцна во животот. Образовниот процес особено во средното образование мора да претпри измени, пред се со зголемување на практичната работа за време на школувањето – нагласил Адеми.
Царовска, се заблагодарила за драгоцената размена на искуства во развојот на социјалните услуги како поддршка на имплементација на социјалната реформа.

– Токму со реформата работиме на намалување на детската сиромаштијата и со детскиот и образовниот додаток им овозможуваме на децата да имаат еднаков старт во животот. Нашата цел е што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование, затоа што раниот детски развој е основата за понатамошниот образовен процес. Силно вложуваме во градинките и ги јакнеме нивните капацитети, а со тоа вложуваме и во иднината на државата – истакнала Царовска.
Државниот секретар за образование и иновации Мартина Хирајама ја нагласила волјата на швајцарската Влада за поддршка на реформите што се спроведуваат во Република Македонија, при што нагласила дека двете земји имаат одлична соработка и оти таа ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This