СЕ ПУМПА РУСОФОБИЈА ЗА ДА СЕ ИСПЕРАТ ЗАПАДЊАЦИТЕ: Проблемот е изолирањето на Македонија од ЕУ и НАТО, а не Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп бара од државниот секретар Рекс Тилерсон да ги обнови односите меѓу САД и Русија и да не дозволи политички превирања да го оневозможат тоа, додека, истовремено, во Македонија се создава една атмосфера на т.н. русофобија, преку објавување информации дека Москва, користејќи свои дипломати и шпиони, со години работела на креирање раздор во земјава.

Додека Трамп се обидува да го реализира она што го најавуваше уште во кампањата поради оценката дека односите меѓу САД и Русија се на ниско ниво и оти се влошуваат, во Македонија се наметнува слика, особено преку некои од медиумите, дека Москва е, односно, била непријател на Скопје.

Универзитетскиот професор и познавач на меѓународните односи Ивица Јосифовиќ, за „Дневник“ анализира дека т.н. русофобија се поттикнува поради, стравот од засиленото, макар и само декларативно, присуство на Русија на македонската територија и пошироко на Балканот.

– Тоа е така затоа што Македонија, последниве десетина години нема перспектива на полето на интеграцијата во Европската Унија и НАТО. Истовремено сме сведоци на двојните аршини при третманот на нашата држава на патот кон нив, додека Русија само се обиде да влезе на теренот, пред с`, економски, па дури потоа политички и стратешки. Во состојба на немање алтернатива, се отвори можноста за влијание на Русија на Балканот, што предизвика страв – смета Јосифовиќ.

Според него, на некој начин премногу помпа се крева околу прашањето на влијанието на Русија во регионот, која историски нема директна интервенција во проблемите.

– Не само последниве години, туку од 90-тите наваму регионот е полн со кризи и војни, и секогаш Западот на некаков начин ги решавал. Дали успешно или не, ќе покаже историјата, но факт е дека беа решавани со промена на територии. Истовремено Русија беше присутна, но со изјави, соопштенија, ама немаше доволно сила, да интервенира и да го спречи отцепувањето на Kосово, на пример, или влезот на албанските терористи во Македонија – додава Јосифовиќ.

Веста што се појави пред три дена во британски „Гардијан“ и експресно беше пренесена од дел од македонските медиуми се однесуваше на тоа дека активностите на Русија за предизвикување раздор во Македонија почнале во 2008 година. Весникот се повика на класифицирани документи од македонските тајни служби, кои наводно ги покажуваат напорите и на српското разузнавање за поддршка на “антизападните и проруските националисти во Македонија“.

Текстот во „Гардијан“ за Русија е обична провокација. Тоа, според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, е само префрлање на одговорноста за кризата во земјата финансирано од одредени американски државни структури.

Искра Kоровешовска
Дневник

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This