April 16, 2024, 10:35 pm

Се пoјави нов оcтров во Јапонија по сeриjа на пoдвoдни вулкaнски ерyпции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонскиот архипелаг има повеќе од 6.800 острови, а пред неколку дена се појави еден нов, пренесе Japan Times.

Островот е забележан од страна на Јапонската крајбрежна стража, а откриен е откако се случија серија подводни ерупции на вулкан. Откриен е 1.200 километри јужно од Токио, а долг е околу еден километар.

Тамошната метеоролошка агенција издаде предупредување со оглед на потенцијалната активност на вулканот бидејќи сè уште се очекуваат ерупции и исфрлање вулканска прашина.

Ваквото појавување на нови островчиња не е невообичаено за Јапонија, земја со зголемени вулкански активности. На сличен начин и претходно беа создадени мали острови, но брзо потонаа поради силната морска струја и ударот од брановите.

Постои можност и ова островче да има слична судбина, но тоа зависи од составниот материјал на новиот остров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This