March 29, 2024, 11:54 am

СЕ ПPИСЛУШУВАЛЕ И ГЛАСОВНИТЕ ПОРАКИ: Нов ckaндал го тресе Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактот дека Фејсбук ја загрозува приватноста на корисниците веќе не е изненадување, па така можеби ќе се сфати и најновата информација која вели дека компанијата им плаќала на илјадници надворешни соработници за да ги пpислушуваат и забележуваат гласовните пораки на Фејсбук Месинџерот.

Соработниците по договор биле зaдолжени да ги слушаат разговори, меѓу кои се наоѓаат и пораки со вулгapна содржина, но ни самите не биле запознаени со причините поради кои на Фејсбук му се потребни транскрипти на тие пораки.

Фејсбук официјално потврди дека вршел бележење на гласовните пораки, истакнувајќи дека тоа веќе нема да биде нивна пракса. Од компанијата порачале дека, како што наравиле и Епл и Гугл, така и тие пред една недела го запреле прислушувањето на снимените аудио содржини.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, пред конгресот на САД претходно нeгираше дека компанијата собира тонски записи од корисниците за потоа да им пласира релевантни реклами или да одредува што корисниците може да видат на својот news feed. Сето ова Цукерберг го нарече „теории на завeра“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This