April 27, 2024, 12:59 am

СЕ РАГОВАРАЛО ЗА ПОВЕЛБАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: Пендаровски ја посети Македонската академија на науките и уметностите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Македонската академија на науките и уметностите.

На средбата со актуелното и со новоизбраното раководство на МАНУ беа разменети информации и мислења за актуелните активности на академијата, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во државата, како и за плановите за идните активности по стапувањето на функција на новото раководство од 1 јануари 2020 година.

Претседателот Пендаровски беше информиран за тековната реализација на национални и меѓународни проекти од страна на академијата, како и за меѓународната соработка со други академии. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката меѓу Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и МАНУ.

Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешен мандат на новото раководство на МАНУ, со претставниците на академијата размени мислења и информации за актуелните состојби во Република Македонија, за нејзините аспирации за членство во Европската унија, како и за состојбите во регионот. Претседателот Пендаровски, на средбата, се осврна и на неговите меѓународни активности.

На средбата стана збор за усвоената Повелба за македонскиот јазик од страна на Собранието на МАНУ, на седницата одржана на 3 декември. Според претседателот Пендаровски, постоењето на македонскиот јазик е факт и беспредметни се сите обиди за негово негирање, ревизии и толкувања надвор од научната сфера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This