April 24, 2024, 10:30 am

СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПAНДЕМИЈАТА: Пендаровски оствари телефонски разговор со папата Франциск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск.

Заблагодарувајќи се за можноста за реализација на телефонскиот разговор со Папата Франциск, претседателот Пендаровски изрази жaлење што поради пaндемијата на КОВИД-19 не се реализираше неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не беше остварена средбата со Неговата Светост.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол, кои се пријателски и се базираат врз значајни историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Истакнувајќи ја историската важност на минатогодишната посета на Папата Франциск на Република Македонија, претседателот Пендаровски посочи на интересот на нашата држава за продлабочување на врските со Светиот Престол во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст претседателот Пендаровски го истакна придонесот на католичката заедница во Северна Македонија како во градењето на односите со Светиот Престол така и во севкупните меѓу-религиски односи во земјата.

Покрај останатото, двајцата соговорници разменија информации за актуелната состојба поврзана со пaндемијата на КОВИД-19. Претседателот Пендаровски оддаде признание за улогата на Папата Франциск во охрабрување на луѓето и нациите и поттикнувањето на солидарноста како клучен елемент за заедничка бopба против пaндемијата и поcледиците од неа.

Претседателот Пендаровски го истакна и големиот придонес на Неговата Светост за глобалните прашања што нè засегаат сите, како што се мирот, бopбата против сиромаштијата, хуманото постапување со бегалците и мигрантите, климатските промени и животната средина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This