Се разгорува конфликтот во Нагорно Карабах: Азербејџан гранатираше ерменски позиции (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Азербејџанските вооружени сили синоќа гранатираа ерменски позиции во Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Според Министерството, силите извршиле „артилериски удари врз позициите на ерменските сили распоредени на окупираните територии”.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на 27 септември и на спорната територија се водат борби. И Азербејџан и Ерменија воведоа вонредна состојба и прогласија мобилизација.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно е населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година, откако автономниот регион објави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Во периодот 1992-1994 година, тензиите прераснаа во голема воена акција за контрола на енклавата и седум соседни територии откако Азербејџан ја изгуби контролата над нив.

Прочитајте и… Ќе се пошумува Водно и ќе се прават велосипедски патеки
Разговорите за решение за Нагорно Карабах траат од 1992 година во рамките на Групата од Минкс на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Франција и САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This