Се расправал со постари госпоѓи, па тресел ограда – за ова му се суди на Даниел Тримпуновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во судот денеска ќе биде изречена пресудата за случајот за „насилство во општна Центар“ иако Миле Јанакиески вчера попладне го имаше завршниот збор, а пред само неколку дена, пак, обвинението беше драстично променето.

Дека некој сака сосила и експресно да го заврши овој процес веќе неколкупати беше реагирано од јавноста, а одбраната синоќа повторно потенцираше дека за овој случај не постојат ни докази, ни сведоци за евентуална вина.

Колку е целиот процес апсурден, меѓу останатото, потврдува и обвинението против Даниел Тримпуновски, за кого во обвинението е посочено дека на новинарските снимки се гледа како тој оди кон една од бараките, а по пат се расправа со две постари госпоѓи. Потоа, ја тресе оградата, за на крај во делот каде што таа е скршена, влегува во дворот. И толку. Тоа е тоа што Даниел го направил, а денеска чека пресуда за своето „кривично дело“.

Обвинетите од случајот неколкупати апелираа да добијат ист третман од судот како обвинетите за далеку посериозни кривични дела како на пример, демолирање на канцеларија на претседател на држава, напад на полицаец пред влада, кршење на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, нередите пред Собранието…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This