СЕ РАСЧИСТУВА СЛУЧАЈОТ СО ПАЛЕЊЕТО НА ЗНАМЕТО: Идентификувано лицето кое го запалило грчкото знаме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски изјави дека се расчистува случајот со палењето на грчкото знаме вчера на протестите во Скопје.

Според Велковски полицијата идентификувала лице кое учествувало во палењето на знамињата на двете држави вчера на протестите пред ЕУ-Инфо центарот и Собранието на РМ и дека полицијата обезбедува докази за поднесување пријава против сторителот.

Велковски информираше дека од пред два дена полицијата располага со нови сознанија во врска со убиството на Јанушев и дека се во фаза на обработка.

Во однос на последните разбојништва во банките како и на денешната во Шпаркасе банка, директорот на БЈБ рече дека полицијата работи на откривање на сторителите и дека се на добар пат за расчитување на грабежот во филијалата на Комерцијална банка кој се случи неодамна.

Полицијата, според Велковски, во моментов го испрашува лицето вработено во Општина Шуто Оризари, кое вчера беше притворено и потврди дека се работи за мито, а покрај него се испрашуваат и други лица поврзани со случајот.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This