СЕ РАЃА НОВА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА: На иницијатива на Љупчо Палевски, се формира нова политичка партија „Трета“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На иницијатива на екс-претседателот на најголемата организациона единица на СДСМ, градската организација, и политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, деновиве се промовира формирањето на нова политичка партија на Македонската сцена која ќе го носи името „Трета“

 

Како што објаснуваат на нивната ФБ страница, „Трета“ ќе биде етнички чиста партија на Македонците, бидејќи Албанците имале веќе неколку, а Македонските партии биле секогаш со мешан етнички состав.

Во соопштението објавено по повод инцијативата за формирање на партијата, се додава дека „Трета“ нема да биде партија во која ќе има само еден лидер, туку како што информираат ќе постои колективно претседателство составено од 11 членови кои ќе одлучуваат за политиката на партијата. Освен тоа, ќе има и еден секретар на партијата.

Програмските цели на „Трета“ се промоција на алтернативна надворешна политика на Македонија преку постигнување на воена неутралност на државата, како и соработка со земјите на сите четири страни на светот, наместо сегашната состојба во која ЕУ и НАТО се промовираат како безалтернативна опција за сите политички партии без исклучок.

Од „Трета“ сметаат дека Македонија мора да го најде своето место во новиот мултиполарен свет, да се поврзе со Евроазиските економски текови со цел подобрување на економската и бизнис клима која ќе доведе до стабилизација на Македонската економија и нејзин раст.

За идната недела „Трета“ планира презентација и собирање на потписи во Прилеп.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1565652856822771&id=1327712927283433

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This