March 28, 2024, 10:17 pm

СЕ РОДИ ПРВОТО БЕБЕ ОД СУРОГАТ-МАЈКА ВО МАКЕДОНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се роди првото бебе што го носеше сурогат-мајка во Македонија. Сурогат-мајката е 44-годишна жена, која се се нафатила да ја износи бременоста затоа што биолошката мајка немала матка, објави „Нова Македонија“. Медицинскиот тим што го водел оплодувањето и потоа бременоста на сурогат-мајката направиле ин витро со јајце-клетки на биолошката мајка и со сперматозоиди на нејзиниот сопруг, а потоа оплодени ембриони вметнале во матката на 44-годишната жена. Ин витрото било успешно и по девет месеци се родило бебето. Сите се во одлична здравствена состојба.

Бременоста на сурогат-мајката, иако високоризична, поминала успешно, а здравото бебе било родено со царски рез.
– Тимот на болницата ги направи сите испитувања во текот на бременоста и сите успешно ја завршивме својата работа. Многу ни е мило зашто усреќивме уште едно семејство – додава д-р Петановски, раководител на медицинскиот тим од една скопска приватна клиника.

Законските правила велат дека жени може да се сурогат-мајки ако се македонски државјанки, на возраст од 25 години и повеќе, до возраст што им овозможува добра физичка и психичка подготвеност за здрава бременост и веќе да имаат најмалку едно свое дете. Брачните двојки, пак, што би добиле дете од сурогат-мајка треба да имаат проблем со стерилитет, кој не може да се лекува. Брачната двојка има право да бара поведување две постапки на биомедицинско потпомогнато оплодување со гестациски носител, кои успешно ќе завршат со раѓање на по едно живо дете од секоја постапка, додека гестацискиот носител има право само еднаш да роди едно живо дете за друг. Гестацискиот носител и жената од брачната двојка што е во работен однос ги има сите права од областа на работните односи, пензиското и инвалидското осигурување и породилно боледување.

Потенцијалните сурогат-мајки и потенцијалните родители одат на психолошки советувања, треба да достават докази до Министерство за здравство дека ги исполнуваат условите, по што заинтересираната брачна двојка треба да побара увид во регистарот за да избере мајка – гестациски носител и преку писмено барање да почнат постапка за инвитро-оплодување со гестациски носител.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This