СЕ СКИНА САЈЛАТА НА ВИСТИНОМЕРОТ: Дали Љубомир ќе тепа жена на паркинг, или „Вистиномер“ те лаже – исто ти се фаќа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталот „Вистиномер“ продолжува доследно да ги следи нарачките од СДСМ и Министерството за пропаганда. Народно кажано: „те гледа во очи и те лаже“ и очекува дека ќе му веруваш само затоа што се викал – „Вистиномер“. Тоа е исто како да се очекува од човек кој се вика Љубомир дека нема никогаш да истепа жена на паркинг, бидејќи името му означува љубов и мир.

Па така, во организираниот бран за притисок врз судството и обидот на СДСМ да си го приватизира правосудниот систем, и „Вистиномер“ си доби партиска задача да го зголемува шумот во јавноста со лаги и невистини околу функцијата и статусот на СЈО, а се со цел да се влијае на понатамошниот тек на постапките со обвинетите од Јанева и СЈО. Не добија притвори, а нарачателот многу сакаше тоа да се случи – па затоа овој неуспех мора да се надмине со нови истраги и нови постапки кои ќе резултираат со притвори. Тука на припомош доаѓаат гласилата на Сорос и СДСМ со нивните пара-правни планови и небулозни толкувања.

Но, бидејќи од голите правни факти СДСМ не може да се брани по официјален канал на припомош се пуштаат во оптек ваквите сервисни порталчиња кои немаат чест која може да ја изгубат, туку како вистински роботи ги спроведуваат најголемите лаги од кујните на СДСМ и Сорос.

ПЛАНОТ Е ЛУКАВ, НО ПРОВИДЕН

Според нивните идеи, ако сајтот го крстат „Вистиномер“ граѓаните ќе бидат полесно изманипулирани дека се работи за сајт кој навистина бара автентично и точно толкување на објективната реалност. Во суштина се работи за сервис кој тврдејќи дека демаскира спинови и конструкции, во очи ги лаже читателите и им сее магла, пласирајќи најдолни лаги и подли измислици, сите најдобро опишани со заедничкиот назив – ФЕЈК ЊУЗ (лажни вести).

Или како што викаат аналитичарите во Америка – оние кои се претставуваат за антифашисти, всушност делуваат токму со фашистички методи – но очекуваат дека сите ќе ги гледаат како антифашисти само поради нивното име. Тоа може да пројде кај наивни луѓе, но тоа да се очекува меѓу се-посвесната јавност во Македонија е потценување и тоа големо потценување на Македонците.

КАКО МАЛИОТ ЏОКИЦА ОД СОРОС И СДСМ ГО ЗАМИСЛУВА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ

Во вчерашниот текст наречен „СЈО има мандат и за истраги, и за обвиненија до 2020 година“ анализирајќи прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ „вистиномерот“ на Сорос и СДСМ се обидува по методот „како малиот Џокица го замислува правниот систем“ да си извлекува заклучоци кои што му одговараат на Зоран Заев и СДСМ со цел да се обиде да креира перцепција дека СЈО имало подолг рок за подигнување обвиненија од законски утврдениот.

Притоа соросовото гласило се служи со небулозни заклучоци од типот: „Ако Катица за 18 месеци преслушала само 45% од снимките, мора  да ги дослуша останатите 55% па да подигнува обвиненија“.

Прво, Јанева и СЈО имаа отворена понуда да го дуплираат бројот на обвинители за да ги завршат работите во предвидениот рок според Закон утврден во пржинскиот договор – но тоа не го направија. Зошто? Затоа што сакаа/т да траат што подолго, односно што подолго да го пренесуваат во пропагандистички и јуристички цели ефектот на бомбите на Заев, оние прес-конференции на кои се бараше криминал од 5,5 милијарди евра, за да завршиме со неплатен данок за долен веш. Или пак бомбите за страшно скапиот Мерцедес во кој откако СДСМ дојде на власт нема кој не му се качи.

Второ, ако Јанева „споро слуша“, не значи дека за тоа треба да се променат законите во Македонија. И таа, како и секој друг чинител во правниот систем има обврски регулирани со закони – а законот за СЈО е дециден дека време за подигање обвиненија е 18 месеци по приемот на материјалите – и тој рок ИСТЕЧЕ на 30-ти јуни 2017 година.

Тоа што СЈО и, според пишувањата по медиумите, одредени амбасадори, не успеаја да избоксуваат притвори за челниците на ВМРО-ДПМНЕ да полесно да си го спроведат планот до крајната цел – влез во НАТО по секоја цена /со сменето име/ е нивен проблем, но и проблем на целата јавност која со години е тормозена од истата спрега со сите нејзини различни лица, па под превезот на измислени борби за демократии, слободни медиуми (како овој „објективен“ соросов невистиномер“), фантомски гласачи и што ли уште не, се спроведуваше акцијата за елиминација на (раководството на) ВМРО-ДПМНЕ кое не попушти за спорот со името и не покажува ни знаци дека може да попушти. А на партнерите на Заев им треба решение во кое ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува. Како да се дојде до таква ситуација? Со прогони, хајки, притвори и затвори. Целта им е со пропаганда и притисок врз судот да издејствуваат промена на врвот на партијата . Затоа сега се и овие залудни обиди за ново толкување на роковите за работа на СЈО.

А тие се јасни. Вистината не е онаа која ќе ја напише сајт кој се вика „вистиномер“, ниту ќе биде макар и сајтот се викал „ја зборуваме вистината“. Туку вистината се содржи во законите кои велат дека Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да презема понатамошни дејствија во предистражна и истражна постапка за преземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30-ти јуни не покрена обвинение, ниту има овластување и надлежност за отворање и водење на нови кривични постапки.

Законите во оваа земја важат подеднакво за сите и никој не е над законот – дури ни тој кој има моќ да инсталира вакви тројански коњи во правосудството. Кога ќе се најде во ситуација да не си го реализира до крај планот, планерот измислува вакви нови толкувања на законите. Правните пречки исто така планира да ги надмине со замена на „непослушниот совет на обвинители“ доколку не се сложи советот дека црното е бело, а зеленото е црвено. Затоа СДСМ формираше „Фрчковистички совет“ на партиски луѓе чија цел ќе е да измислува причини за промена на луѓето кои го следат дословно правото, на чие место би се ставиле такви кои ќе толкуваат право според насоките и желбите на Зоран Заев и неговите партнери.

ФАБРИКИТЕ НА СДСМ И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРОПАГАНДА

Во подготвувањето на наративот и креирањето перцепција на ваквите „совети“ на СДСМ важна улога секако имаат и медиумите, во конкретниот случај порталите како Вистиномер на фондацијата Метаморфозис, која според истрагите на Стоп Операција Сорос, од Сорос Македонија во изминативе неколку години добила еден милион евра – плус уште којзнае колку пари од други странски амбасади и фондации кои оперираат во Македонија спроведувајќи свои интереси под превезот на „подобрување на оптшеството“.

Оваа последна акција изведена по логиката „ако пројде – пројде“ е многу несмасна и покажува комплетно непознавање на правото, што впрочем и не е никаков новитет кога се во прашање експертите на СДСМ и Сорос. Но, ваквите спреги на релација СДСМ-контролирани медиуми не е воопшто нова. Јавноста ги памети и случаите како „Фабрика“ од претходното владеење на СДСМ, но и случаите како Фабриката за Афери на СДСМ кога преку само еден случај, со фалсификуваните пасоши, лични карти и банкарски налози се откри целата шема на делување на оваа спрега. „Фокус“ прв ја објави аферата на која после се надоврза Заев, создавајќи слика дека ВМРО-ДПМНЕ има фабрика за пасоши кои ги користи за да фалсификува избори. Ова требаше да ја оправда позицијата на Заев од минатите избори кои не ги призна бидејќи тврдеше дека биле фалсификувани.

Подоцна се откри дека фабриката за пасоши ја има членот на СДСМ и пријател на Заев, Захир Бекири Чаушот, односно дека сета таа „афера“ беше уште едно сеење магла и обид за најдолна манипулација на гласачите во кое учествуваа медиумите на опозицијата слугувајќи на интересите на Зоран Заев и СДСМ.

Дека ваквите лаги нема да запрат, доказ не се само ваквите невистиномери, туку и министерството за пропаганда кое СДСМ го формира во владата и кое може да се очекува дека ќе има задача да продолжи со ваквите активности и да ги засили.

Нивно е да се обидуваат, на граѓаните е да ги прочитаат и да не им веруваат, а на органите на системот е да ги откријат и санкционираат. Се разбира, кога еднаш ќе се ослободат од новите ослободители. Или како што би рекле за себе – „антифашисти“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This