Се слyчувал вистински xopop: Мајка и татко ги cилyвале и пpoдавале своите шecт деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

​По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија. Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично дело Трговија со дете.

Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш од по 500,00 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила.

Исто така, првоосомничениот злоупотребувајќи ја својата положба како татко, ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку интернет. Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000,00 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка.

Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.

По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.​

На 29.11.2021 година, по претходно донесена наредба за спроведување истражна постапка од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје-Единица за интервентна полиција при БЈБ-МВР, од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, беа издадени наредби за приведување на три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „трговија со дете“ по чл.418-г и „родосквернавење“ по чл.194 од КЗ на РСМ.

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје-Единица за интервентна полиција и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје, презеде мерки и активности за постапување по наредбата и лишување од слобода на три лица за кои постојат основи на сомневање дека се сторители на овие кривични дела.

Притоа, лишени од слобода се три лица и тоа родителите на детето Ш.А. (48) и Н.А. (41), како и А.К.(61), корисник на сексуални активности од дете кое не наполнило 14 години, тројцата од Скопје, при што во текот на денешниот ден се изнесени пред Судија на претходна постапка, кој им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Поради фактот што Ш.А. и Н.А. се во брачна заедница, од која имаат малолетни деца, ангажирани се претставници од ЈУМЦСР Скопје, за соодветно згрижување на децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This