СЕ СМИРИЛЕ: Анѓушев и Тевдовски ги закопале секирите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако вчера го најави, министерот за финансии Драган Тевдовски денеска не присуствуваше на промовирањето на граѓанскиот буџет за 2019-та година. Тоа го направи вицепремиерот Кочо Анѓушев. Двајцата веќе подолго време имаат несогласувања кои започнале со кавга на седница на економско-социјалниот совет. За Анѓушев „кавга“ е претежок збор за она што се случило меѓу нив.

„Вчера до доцните вечерни часови бевме на заеднички состанок со министерот Тевдовски и со премиерот. Односите се одлични. Така што, мислам дека не треба да се прави фама од нешто што може да биде еден нормален разговор. Дали вие би сакале една Влада каде што нема никаков разговор и има само послушници кои ќе слушаат како некој командува и сите да бидат построени?“, рече Анѓушев.

Премиерот Заев во емисјата „360 Степени“ потврди дека меѓу Анѓушев и Тевдовски имало несогласувања, па откако ги прекинал, тој и двајцата ги испратил на кафе-помирување.

„Разговараа заедно, јас прекинав еден економски совет заради тоа што не може да немаат минимум доза на внимателност во себе. Тоа не е непомирливо, не е не знам што, но кога гледам непријатни сутуации го прекинав советот, им дадов задача утре да седнат да пијат кафе, двајцата ме известија дека работата е ОК, се доразбрале, затоа што секој си ги штити своите ставови и одговорности во инстутуцијата која што ја води“, рече Заев.

Министерот за финансии, слично како и вицепремиерот Анѓушев, за Алсат демантира дека имало кавга. Тој вели дека е нормално во секоја Влада да има различни размислувања за одредени прашања. „Она што е важно е дека односите ни се одлични и имаме добра соработка во насока на креирање подобар живот за граѓаните преку поквалитетни економски мерки и решенија“, изјави Тевдовски за Алсат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This