СЕ СПРЕМА НЕШТО ГОЛЕМО: Како барањата на терористите од Диво Насеље станаа политичка платформа на СДСМ и ултиматум на Албанските партии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Терористичкиот напад врз Куманово кој се случи на 9 и 10 Мај минатата година, остана крвава мистерија за Македонците. Кој ги организирал, кој ги поддржувал, чие било сценариото и која била крајната цел.

aracinovo_2001

За време на терористичкиот напад, но и по истиот, различни интересни групи, политичари и медиуми главно од сороспискиот и опозициски табор, даваа разни информации со кои ја лажеа јавноста, брутално манипулирајќи со човечките судбини, и радувајќи се на жртвата која ја дадоа Македонските бранители.

Вистината позади терористичкиот напад, како што тврди командантот на терористите Мухамед Краниќи познат како командант Малишева ја раскажува во отворено писмо кое го напишал од затворот во Прилеп, каде што чека судење за тероризам.divo-naselje-1-520x339

Според него, тој и неговите соборци од УЧК на Косово и Македонија го почувствувале развојот на настаните во Македонија, благодарение на политичката криза која ја создал Зоран Заев со објавувањето на “бомбите”, а за нив тоа бил поволен момент да го отворат прашањето за дезинтеграцијата на Охридскиот Рамковен договор и наводната дискриминација на Албанците во Македонија.

Според терористот, 14 години од потпишувањето на Охридскиот договор, само 14% од истиот бил исполнет, а било договорено да се исполни за само три години, што според него Албанците би требало да чекаат 140 години за да се исполни во целост.

 

uck_sad

“Сите горенаведени причини се мотивот поради кој ја рестартиравме УЧК. За оваа иницијатива Мирсад Ндрецај и Ризај Бег шест месеци работеа на мобилизација на борците. Но важно е да се спомене дека мобилизацијата беше побарана од Албанци во Македонија, кои бараа што поскоро да се организира одбрана со која ќе можат да ја бранат Албанската популација. Кога започнаа “бомбите” на Заев, државата почна да се движи кон дестабилизација, и тогаш ги испративме наредбите за мобилизација но да целата операција да биде тивка и да се чека момент кога ќе се појавиме и ние на сцена. Оваа група имаше повеќе Албанци од Македонија отколку од Косово. Но локалните жители избегнуваа да се борат, бидејќи се плашат од теренот, и тогаш бевме фатени од полицијата. Но, ние бевме накодошени, откриени, националниот идеал беше предаден. Бевме фатени на спиење, со околу 1000 специјалци кои не опколија. Тие немаа наредби да не апсат туку да не убијат, физички да не елиминираат. Ние се браневме колку што можеме.” – вели терористот Крансиќи, ака Малишева.

 

uck

“Она што можам да го потврдам и мислам дека е најважно е дека за активностите на нашата група беа информирани и службите на САД, бидејќи Американците ни биле и ќе ни бидат најдобри пријатели секогаш. Американците само го замолиле Мирсад Ндрецај во нашата група да нема елементи и борци на ИСИС за да не се инволвираат религиски елементи” – тврди Малишева.

zaev_ambasada_Usa_uck

“Тогаш Мирсад Ндрецај им ветил на Американците дека нашата група ќе биде нивниот мозок, нивните очи и нивното тело на терен. Ова е вистина. Ние немаме намера да бидеме терористи и да убиваме цивили, нашата цел е да се мобилизираме и да ги заштитиме Албанците во Македонија кои се дискриминирани. Ние не сме ниту првите ниту последните патриоти кои се жртвувале за нашата национална казуа.” – објаснува Малишева и тврди “На крајот сето ова ќе биде конфедерација или федерација на етничка основа во Македонија” – тврди Малишева.

zaev_zname_siptarsko_miting

Речиси две години по терористичкиот напад, платформата под која терористите од Диво Насеље делуваа терористички во Македонија стана и политичка платформа промовирана од СДСМ и Зоран Заев, а подоцна потврдена како „сеалбанска платформа“ поддржана од Тирана и Приштина.

Ако Зоран Заев и Оливер Спасовски само ден по анти-терористичката акција во Куманово се фотографираа локалните жители, правејќи го големоалбанскиот поздрав во форма на „V“,  а тие всушност им помагале на терористите да ја окупираат таа микро-територија од каде што требало да се испорачуваат улитиматуми и барања за проширување на Охридскиот Рамковен договор, односно правење на нов, тогаш станува јасно дека некој се обидува да ја дестабилизира државата со оружје, иако првичниот план не успеа. Сега на сцена се става подгревање на страстите преку ултиматиуми на Приштина и Тирана, кои Македонците ја доживуваат како закана, а Албанците се спремни да ја бранат.

Zaev-Selfi-Divo-Naselje-640x349

Албанските партии, за тие цели, сега потпишуваат заедничка платформа која е обрзувачка за сите нив. Во Платформата се наведени скоро 30 точки со рокови за нивно импементирање:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот.
– Строга примена на принципот на мултиетничност на Уставот на Република Македонија, каде Албанците се признаени како државотворен народ. Поддршка на секоја законска или уставна иницијатива со која се зајакнува етничката еднаквост на албанското население.
– Постигнување на целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта, и обезбедување на неговата употреба како основно и уставно право.
Во Уставот да стои „Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, албанскиот јазик и неговото писмо се службени јазици во Република Македонија“.
– Сеопфатна дебата за државното знаме, химната и грбот на Република Македонија, со цел државните симболи да ја одразуваат државната мултиетничност и етничката еднаквост.
– Усвојување на резолуција во Собранието, со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија со периодот 1912-1956.
– Постигнување на економска и социјална еднаквост, особено преку рамномерен регионален развој.
– Создавање нов механизам, во форма на државна комисија за финансирање на општините, заради поправедно одлучување при распределбата на владини грантови во корист на општините.
– Создавање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како тело одговорно за почитување на правата на заедниците и промовирање на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
– Реализација на правичната застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавање и правда.
– Реализација на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на централната власт како и јавните агенции или претпријатијата со државен капитал.
Зајакнување на владеењето на правото како предуслов за напредок во процесот на евро-атлантските интеграции.
– Спроведување на реформите во согласност со договорот во Скопје, препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пред-пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
– Поддршка на непристрасното работење на Специјалното обвинителство, без етнички и политички предрасуди.
– Целосно расветлување на случаите и судските процеси „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“, преку комисија за истрага или меѓународно независно тело.
– Негување на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичката стабилност на земјата.
– Преземање на афирмативни мерки, за да се обезбеди финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
– Создавање на централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди обука за преведувачи, редактори и лектори.
– Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и начела на меѓународното право.
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието, со која Владата на Република Македонија активно ќе се залага во насока на решавањето на спорот за името.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Грција.
Негување добрососедски односи.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Бугарија.
– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
– Отворање нови гранични премини.
– Брза интеграција во НАТО и Европската Унија.
– Исполнувањето на горенаведените точки ќе ги деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку создавање на Парламентарна тркалезна маса на албанските партии.

[/kopa_block_quote]

dui-besa-alijansa-520x383

Претходно, со вакви идентични барања беше водена и предизборната кампања на СДСМ и Зоран Заев.
Според екс-помошник министерот за внатрешни работи Наталија Ивчева, која раководеше со секторот за меѓународна соработка во МВР токму во 2001-ва година, за Инфомакс.мк вели дека веќе се чувствува предконфликната атмосфера.
nata_kolumni
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
„Слично како и на случувањата пред избивањето на етничкиот конфликт во 2001-ва година, и денес сведоци сме на невозможни барања на помалата етничка група во Македонија, кои имаат за цел да ги подгреат страстите меѓу двата најголеми етникуми. Знаеме дека победничката ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифати овие услови, со што вештачки ќе се пумпа атмосфера дека владеачката партија е анти-албанска или националистичка, што секако не е точно. Но за целите за кои работат медиумите и пропагандистите на опозицијата и платениците на Сорос, ќе се наметнува анти-албанска аура врз ВМРО-ДПМНЕ кое конечно треба да резултира со излевање на гневот на улица. Како и 1999-та и 2000-та, така и денес, граѓаните се во исчекување дека ќе се случи нешто големо, се чувствуваат небезбедно, чувствуваат дека се спрема сценарио како пред 15-тина години. Таа атмосфера беше актуелна токму пред 2001-ва.“ – вели екс-помошник министерот за внатрешни работи Наталија Ивчева.
[/kopa_block_quote]

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This