СЕ СПРОВЕДУВА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Министерството за економија прво постави двојазична табла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Објавувањето на Законот за јазици во Службен весник, кој веќе почна да се имплементира со објавувањето на двојачизната табла на Министерството за економија, ќе донесе нов удар врз буџетот на државата, кој се полни од џебот на граѓаните. Покрај потенцијалното нарушување на меѓуетничките односи, таа ќе донесе и нови вработувања во институциите, бидејќи ќе мора да се вработат лица кои ќе знаат и македонски и албански јазик.

Кога станува збор околу бројот на нови вработувања според овој закон, министерот Дамјан Манчевски, под чија надлежност е јавната администрација, вели дека се уште не се знае колку нови лица ќе бидат вработени, но потенцира дека министерството е подготвено за имплементација на законот.

-Администрацијата секогаш ќе се подготви за сите предизвици, исполнување на сите закони. Бројот апсолутно ние како МИОА не можеме да го знаеме, тоа е секоја институција посебно, изјави министерот за информатичко опшстество и администрација, Дамјан Манчевски.

Не само во администарцијата. Вработувања ќе треба да има и во општините. Инаку, покрај вработувањата кои ќе следуваат со овој закон, по Нова година во повеќе од 30 државни институции беа објавени огласи за речиси 150 нови работни места. Контра тврдењата на партијата на Манчевски во минатото, дека администрацијата е преполнета со партиски кадри и потребно е нејзино кратење, тој сега вели дека институциите имале потреба од нови вработувања, а место објаснување каква е таа потреба, тој одговорноста ја префрли кон мината власт.

-Вработувањата има согласно потребите на институциите, а како што беше порано согласно потребите на владејачката партија, изјави Манчевски.

Иако, Екатерина Захариева во јуни минатата година, како претседавач со Европската Унија, порача дека на Македонија и е потребен напредок во реформирањето на јавната администрација, министерот Манчевски смета дека имало добар напредок во реформите. Неговиот став се коси  со оној на неговиот колега од Владата, Бујар Османи, кој неодамна порача дека Владата ја мобилизирала државната администрација во давање конкретни резултати на реформскиот план, прогласувајќи вонредна состојба во администрацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This