СЕ СРЕДУВА ЕКОЛОШКАТА КАТАСТРОФА ВО ОХРИД: Надлежните институции излегоа на терен, ќе се вади потонатиот брод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надлежните институции за заштита на животната средина и инспекции денеска излегле на терен, по што е одлучено да бидат преземени итни мерки за вадење на потонатиот брод од каналот Струденчишта во Охрид, со цел да се спречи понатамошно излевање на нафтата и загадување на езерото.

Од општина Охрид информираат дека во текот на денов, по информацијата за нафтена дамка која рано утрово се појави во каналот Студенчишта, на терен веднаш излегле сите надлежни институции.

Покрај претставниците на локалната самоуправа, на терен бил и надлежниот Државен инспектор за животна средина од Охрид (ДИЖС) кој направил вонреден инспекциски надзор, како и капетанот на Капетанијата.

 

„На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги преземе сите законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка“, соопшти општината.

За утре е закажано итно вадење на бродот од каналот со соодветна механизација, со што ќе се спречи натамошно излевање на нафта во езерото, а со тоа и потенцијалните последици за живиот свет во него и животната средина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This