April 20, 2024, 10:36 am

СЕ СТЕГНУВА ЈАМКАТА ОКОЛУ ВРАТОТ НА СОРОС: Противниците на Сорос победија во Романија, победникот Ливиу Драгнеа бара „десоросоизација“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичките случувања во Романија изминатиот период создаваат слика дека во оваа балканска земја се спроведува слично сценарио на случувањата во Македонија. Лажни афери за компромитирање на поранешната влада, оцрнување на поранешниот премиер Виктор Понта и сегашниот лидер на СДП Ливиу Драгнеа, инсталирање на соросова техничка влада се само дел од обидите да се сруши владејачката СДП, која ја има поддршката од романскиот народ и убедливо победи на последните избори. Сорос и неговиот послушник, романскиот претседател Клаус Јоанис кој е лидер на либералите не успеаја во своите намери и претрпеа пораз на изборите одржани во декември минатата година.

dragnesa-nova640

Социјалдемократската партија не е ни лева ни десна, туку е партија на нацијата- десницата е под контрола на Сорос и либералните идеи

Социјалдемократската партија на Романија потекнува од Демократскиот национален фронт за спас предводен од Јон Илиеску, организација и лидер кои имаа клучна улога во соборувањето на поранешниот комунистички диктатор Чаушеску. Подоцна с епреименува во Партија на демократи и социјалисти и ги фузира Републиканската партија, Социјалдемократската и Партијата на задругите. Во 2001 година ги фузира и Романската хуманистичка партија и Романската социјалдемократска партија и го добива сегашното име. И историски и денес оваа партија обединува различни општествени сфери, и покрај левичарскиот предзнак во името политичките аналитичари ја сместуваат и лево и десно од политичкиот спектар, и како и да е таа во Романија важи за патриотска партија оносно партија која спроведува политика на суверенизам и на која интересите на романските граѓани се на прво место.

Нејзин главен опонент е Националната либерална партија. Оваа партија го промовира либерализмот, не е склона кон преголема почит кон религиозните прашања, и се залага за промоција на принципот на регионализација на Романија. Откога Клаус Јоханис, блискиот соработник на Сорос станува нејзин лидер партијата почнува со промоција на правата на ЛГБТ заедницата во традиционално конзервативната Романија.

Сорос има и втора партија во Романија а тоа се ултралибералите УСР, кои се сочинети пред се од поранешни членови на неговите невладдини организации.

Либералите во Романија се неолиберали. Нивната социјална политика значи слепо прифаќање на револуциите промовирани од Сорос и неговите ЛГБТ клонови. Во надворешната политика си дозволуваат да ги напаѓаат и Франција и Унгарија кои се во НАТО. Социјалдемократската партија пак можеби се залага за левичарски економски политики, но суштината е дека во социјалните политики оди десно и се залага за традиционалните вредности , нејзиниот лидер Драгнеа го промовира бракот како заедница исклучиво помеѓу маж и жена. Да ја наречете или само лева или само десна партија ќе згрешите, затоа што таа партија ја претставува нацијата. УСР пак е типичен производ на Сорос и покрај масовната подршка од медиумите на изборите освои само 10%, објавува Вишеградпост.

И покрај сите опструкции од страна на низа граѓански организации поврзани со Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, како и разни странски притисоци, патриотската Социјалдемократска партија на Ливиу Драгнеа победи на изборите во декември освојувајќи над 45 проценти од гласовите. По победата, Драгнеа изрази надеж дека никој не се сомнева кој е победникот на изборите.

-Романците гласаа за економски раст, повеќе пари во своите џебови, ниски даноци и поддршка за бизнисмените. Се надевам дека во иднина нема да имаме судири, изјави Драгнеа.

На изборите убедлив пораз претрпе партијата на десниот центар, Националната либерална партија (ПНЛ) на актуелниот романски претседател, Клаус Јоанис која освои 21 отсто од гласовите. Токму Јоанис е главната алка во обидите за компромитирање на владејачката СДП и го предводи процесот за соросоизација на земјата преку поддршка од бројните невладини организации кои се под контрола на Фондацијата „Отворено општество“, како што се отворено општество Романија,Романски хелсиншки комитет, центарот за партнерство и еднаквост, Асоцијацијата за човекови права, Романско академско друштво, про деморатија и други .

На 5-ти јануари годинава беше формирана новата влада во Романија. Наместо лидерот на СДП Драгнеа, мандатар на Владата е Сорен Гринденау, откако претседателот Јоанис преку опструкција го одби првиот предлог на СДП за мандатар, Шевил Шајде. На Шајде и беше понудено местото заменик на премиерот и министер за регионален развој, додега лидерот на владејачката партија Драгнеа стана претседател на парламентот.

dragnea-nov
Драгнеа: Сорос и неговите структури и носат само зло на Романија

-Имам нешто да кажам за Сорос. Овој човек, неговата фондација и структурите кои ги воспостави и финансира од 90-тите па наваму и носат само зло на Романија, изјави претседателот на Социјалдемократската партија (СДО), Ливиу Драгнеа во вторникот.

Драгнеа додаде дека треба да се направи истражување на сите невладини организации и за тоа како и на кој начин се трошени парите кои им легнуваат на сметка.

-Предложив еден принцип кој се надевам дека ќе биде земен од страна на Владата, а тоа е да се направи анализа на сите невладини организации кои се активни во граѓанскиот сектор. Ајде да направиме анализа и да видиме дали навистина се така јавни во својата работа. Да се биде активен во јавноста и да се користат фондови треба да значи истите да бидат ригорозно проверени за тоа како тие ги трошат парите. Имајќи во предвид дека во Романија има енормно голем број на НВО, дел од нив можеби навистина се фер и чесни, но можеби дел од тие НВО се на граница на илегални активности и не ги почитуваат принципите по кои требаа работат. Анализа е и повеќе од потребна, рече Драгнеа.

joanis-marioneta
Владата во Романија во последните две години беше влада на Сорос- претседателот Јоанис е соросова марионета

Граѓанското општество во Романија е целосно под контрола на финансии кои доаѓаат од страна на фондацијата на Џорџ Сорос. Истите тие во последните две години инсталираа нивна соросова техничка влада и преку претседателот Јоанис, кој слично како и лидерот на македонската опозиција Зоран Заев е обична марионета на Сорос, работеа и работат на соросоизација на Романија.

Неодамна името на Јоанис исчезна од веб страницата на тинк-тенк организација основана од Џорџ Сорос, објави activenews.ro. Токму Јоанис бил дел од Управниот одбор на НВО финансирана од Фондацијата „Отворено општество“. Дел од медиумите и политичките партии го обвинија Јоанис за некомпатибилност во извршување на функциите со оглед на тоа што бил член на управен одбор на НВО, што е спротивно на уставните и законските одредби кои се во сила. За време на неговиот мандат, претседателот на Романија не може да врши друга јавна или приватна функција.

soros_iohannis

Официјално Сорос „влезе“ во Романија и се замеша во романската политика кон крајот на 1989 година, по падот на режимот на Чаушеску.

Според новинарското истражување од страна на романскиот весник Адеварул, во раните 90-ти сите структури на општетсвениот спектар, вклучувајќи ги синдикатите, студентските здруженија и политички партии беа финансирани од страна на Фондацијата Отворено општество на Сорос како и Фридом Хаус и НЕД. Преку овие финансии Сорос учествуваше во создавањето на мнозинството на политичката класа и новинарите во Романија.
soros-nvo-romanija

Официјално Сорос „влезе“ во Романија и се замеша во романската политика кон крајот на 1989 година, по падот на режимот на Чаушеску.

Според новинарското истражување од страна на романскиот весник Адеварул, во раните 90-ти сите структури на општетсвениот спектар, вклучувајќи ги синдикатите, студентските здруженија и политички партии беа финансирани од страна на Фондацијата Отворено општество на Сорос како и Фридом Хаус и НЕД. Преку овие финансии Сорос учествуваше во создавањето на мнозинството на политичката класа и новинарите во Романија.

liviu_dragnea_49497500

Обидите за оцрнување на Драгнеу не успеаја- СДП ја претставува романската нација

Во суштина, т.н. „десничарски политики“ во Романија претставени преку патриотската Социјалемократска партија започнаа во оној момент кога некои западни структури предводени од Сорос започнаа со целосно занемарување на суверенитетот на националната гордост и традиционалните вредности. Социјалните политики кои беа промовирани пред се од либераллите и од Јоанис значеа слепо прифаќање на било каква културна револуција предложена од Сорос и ЛГБТ заедницата.

Во вакви услови, интерпретацијата на враќањето на Социјалдемократската партија минатиот декември подразбира дека романските гласачи не само што покажаа дека се против либералите на претседателот Јоанис и ги вратија Социјалдемократите со нивниот лидер Ливиу Драгнеа, туку во најголема мера ги отфрлија ненационалните политики, и ги подржаа националните политики. Кога сето ова ќе се сумира може да се каже дека Социјалдемократската партија сепак остана единствена партија која се грижи за државата, додека пак романската т.н. десница е под влијание на глобалните идеологии и милијардерот Џорџ Сорос, пишуваат романските медиуми

Обидите за оцрнување и компромитирање на првиот човек на СДП не успеаја. Драгнеа е момeнтално убедливо најмоќниот политички лик во Романија и однесе убедлива победа на изборите. Во 2013-та година во политичка хајка романската Националната дирекција за борба против корупцијата под влијание на Јоанис го обвини Драгнеа, кој тогаш ја извршуваше функцијата заменик- премиер за злоупотреби извршени за време на референдумот за отстранување од функцијата на претседателот на Романија, Трајан Басеску во 2012 година.

dragnea-tramp

Сорос не успеа, СДП победи убедливо- Драгнеа на средба со Трамп

И покрај силните обиди за дискредитација на Драгеа преку своите невладини организации, сепак милијардерот Џорџ Сорос не успеа во намерата, а СДП победи убедливо на изборите одржани во декември.

Положбата на Драгнеа особено се зацврстува по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, а пред неколку дена Драгнеа заедно со премиерот Сорин Гриндеану лично остварија средба со новиот американски претседател.

slika-dragnea-tramp-2

„Минатата вечер имав можност, заедно со премиерот Сорин Гриндеану да присуствувам на вечера со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Насетив дека претседателот има голема желба да води стратегиско партнерство со Романија и истото да го однесе на едно повисоко ниво. Трамп ми рече„ Ќе го направиме тоа, Романија е многу значајна за нас!“. Тоа беше еден топол и отворен дијалог меѓу нас, напиша Драгнеа на социјалните мрежи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This