Се топи владејачкото мнозинство, ќе ја преживеат ли интерпелацијата Николовски и Маричиќ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров следна на листата е интерпелацијата за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Од партијата соопштуваат интерпелацијата на Николовски и Маричиќ доаѓа откако Македонија се најде на 111 место на индексот на корупција според извештајот на Транспаренси Интернешнл.

Вклучен е црвениот аларм одамна. Потребни се оставки, првин од таканаречениот вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, затоа што не само што не се изборија со корупцијата, туку истата е засилена.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието за Љупчо Николовски и за Бојан Маричиќ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски на прес конференција во партиското седиште информирајќи ја јавноста за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ зa интерпелација на Николовски и Маричиќ.

Со оглед на тоа дека парламентарното мнозинство на коалициската СДСМ-ДУИ полека се топи прашање е дали овие двајца високи функционери ќе успеат така речено да ја преживеат, а доволен доказ за тоа е што и покрај тоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја достави во парламентот, се уште истата не се става на дневен ред.

Последната интерпелација за Димитров беше показател дека парламентарното мнозинство е на стаклени нозе, но и за премиерот Зоран Заев дека можно е да ја изгуби власта, а сето ова дополнително го потврдува и стравот на премиерот Заев да излезе на предвремени парламентарни избори кој ги побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заев остро реагираше на ваквите барања на Мицкоски што само покажува дека стравот на губење на власта е очигледен кај владејачката СДСМ.

– Затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, а дотогаш треба буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме голема плата, само така ќе има поголеми инвестиции, само така ќе има поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ, изјави Заев.

Имено, Димитров е министер со најмногу поднесени интерпелации во три и пол години од старо новата влада, првите две како министер за надворешни работи а последната трета како вицепремиер задолжен за европски прашања.

Сите три интерпелации се однесуваа за Договорот за добрососедство со источниот сосед Република Бугарија.

На последната интерпелација Димитров успеа да се протне со 55 гласа против и 53 за , а воздржани немаше, со што тој останува на досегашната функција, но колку ќе успеат Николовски и Маричиќ останува да почекаме додека владејачкото мнозинство собере храброст истата да ја стави на дневен ред на собраниска седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This