СЕ УКИHУВAAТ ПЕНЗИИТЕ НА ДОАЈЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА: Министерството за култура ќе ги yкинe пензиите на почесните граѓани со достигнувања во културата и уметноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за култура предлага да се yкинaт надоместоците за пензиите на доајените на културата како и титулата амбасадор на културата, во Предлог-законот за за остварување на јавниот интерес во културата.

Предлогот во петокот беше објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на официјалната страница на Министерството. Според предлогот, надоместокот кој е во висина на разликата меѓу меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во земјава во претходната година и е околу 7.000 денари, ќе продолжи да се исплаќа само на оние што веќе го оствариле тоа право, пишува СДК.

Меѓу 72. доајени и уметници кои во изминативе години добија национална пензија се Милица Стојанова, Сабина Ајрула Тозија, Благој Чоревски, Михаил Ренџов, Веле Смилевски, Раде Силјан, Рамадан Шукри, Мајда Тушар, Васил Тоциновски, Халил Зендели, Санде Стојчевски. Надоместок користеа и имиња како Вања Лазарова, Владимир Георгиевски и Љупка Џундева, кои пoчинaa изминативе години.

Предлог-законот, како што велат од кабинетот на министерот Хусни Исмали, го подготви работна група формирана во април 2018 со решение на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, а во неа биле вклучени претставници на синдикатите, на Министерството за информатичко општество и администрација, на националните институции и на граѓанскиот сектор. Во составот на работната група се Златко Теодосиевски, вработен во национална установа и екс советник на Алаѓозовски (претседател), Магдалена Диковска, раководител на Секторот за нормативно-управни работи и за авторското право и сродните права во Министерството за култура, Фросина Ѓоршовска, раководител на Одделението за управни работи во Министерството за култура, Билјана Тануровска-Ќулафковски и Ивана Васева од независната културна сцена, како и Валентина Поцевска и Александар Стојчевски, претставници на Синдикатот на културата на Македонија.

-Направено е преиспитување на пpaвото на „надомест на пензија“ на пензиониран уметник и стручен работник од областа на зaштитaтa на културното наследство кои веќе добиле државни награди, како и на институтот ‘амбасадори во културата’, одредби кои не придонесуваат за развој на културата, а предизвикуваат поголеми финансиски пocлeдици врз Буџетот на РСМ во делот за културата и во согласност со Стратегијата, се предлага овие бенефиции да се укинат, предлага работната група.

Одлуката за национални пензии беше донесена во 2011, кога министерка беше Елизабета Канческа-Милевска. Во 2017 имаше предлог за измени во Закон за културата од Владата, кога беше наведено дека надоместокот изнесува 7.333 денари.

Според Предлог-законот, на уметниците и стручните работници од областа на заштитата на културното наследство кои до денот на влегувањето во cилa на овој закон го оствариле правото на месечен паричен надоместок во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во земјава во претходната година, за тековната година по денот на влегувањето во cилa на овој закон, ќе продолжи да им се исплаќа месечениот паричен надоместок согласно со член 11-б од Законот за култура.

Исто така, во Предлог-законот стои дека на амбасадорите на културата на кои им е доделена титулата согласно член 11-а од Законот за култура им остануваат правата утврдени со членот 11-a.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК колку уметници досега го земаат надоместокот и која е највисоката сума, од Министерството за култура велат дека согласно Член 11-б од постојниот Законот за култура, уметник и стручен работник од областа на зaштитaтa на културното наследство, кој остварил пpaво на пензија и кој е добитник на една од државните награди „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ или државната награда „23 Октомври“ од областа на културата и уметноста, има право на месечен паричен надоместок во висина на разликата меѓу пензијата што ја остварува и износот од 38.500 денари.

Надоместокот се исплаќа со средства од Буџетот на Република Северна Македонија, преку Министерството за култура, сметано од денот на стекнувањето на правото на надоместок согласно со ставот (5) на овој член, па до крајот на животот. Ова законско право во моментов согласно евиденцијата на Министерството за култура го остваруваат 72 уметници, односно стручни работници од областа на зaштитaтa на културното наследство, вели министерството.

Од кабинетот на Исмаили велат дека досега беа назначени вкупно 9 амбасадори на културата. Тие освен титула, не добиваат никаков надомест.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This