СЕ УКИНУВА РЕГАТАТА „ГЕМИЏИИ“ ВО ВЕЛЕС: Општината немала 2.000 евра за традиционалната регата во Велес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прв пат после 20 години, општина Велес ја стопираше манифестацијата Вардарска регата „Гемиџии“, која оваа година требаше да слави јубилеј од 20 години.

Градот се откажа од манифестацијата која е симбол и гордост на Велес, која ги поврзуваше минатото со сегашноста и за истата се направи специјална конструкција која ја отсликува историската гемија (во намалена верзија), која тогаш била единствен начин на трговската размена на градот Велес и градот Солун, а во денешно време славење на делото на храбрите Гемиџии.

Велешани коментираат дека не може да се прифати образложението дека Општина Велес нема 120.000 денари во својот буџет за нејзино одржување. Според нив, одлуката е штетна, кусогледа, погрешна и директно го засега достоинството на Велес и Велешани.

– Не сакаме да веруваме дека самото името на регатата “Гемиџии” и симболот што таа го претставува е основен мотив за нејзино укинување. Велес е град со огромна историја која ниту почнала ниту пак ќе заврши со Декрет на локалниот општинскиот естаблишмент, коментираат тие.

Вардарската Регата „ГЕМИЏИИ“ се одржува во чест на славните Солунски Атентатори или Гемиџиите од 1903 година. Тие со серија самоубиствени напади на јавните објекти во најзначајниот европски град во Османлиската Империја Солун, прво со напад на Францускиот брод „Гвадалкивир“, Банк Отоман, Гранд Хотел Солун, гасоводните цевки и други објекти сакале да го свртат вниманието на Европа за поробената Македонија од страна на Османлиската Империја.

Во сите тие напади било предизвикано само материјална штета и општ хаос додека жртви биле самите Гемиџии.Нивниот слоган бил „СЕ АРЧИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“.

Гемиџиите биле млади интелектуалци на возраст од 18 до 22 години,од кој најголемиот дел биле од Велес: ЈОРДАН ПОП ЈОРДАНОВ-ОРЦЕТО, ДИМИТАР МЕЧЕВ-МЕЧЕТО, КОНСТАНТИН КИРКОВ, ИЛИЈА ТРЧКОВ, ВЛАДИМИР ПИНГОВ, ГЕОРГИ БОГДАНОВ, МИЛАН АРСОВ, ПАВЕЛ ШАТЕВ од КРАТОВО и МАРКО БОШНАКОВ од ОХРИД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This